Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Почнуваме постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија, кој е корен на сите негации
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/VMRO-DPMNE-sedishte.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека почнува постапка за задолжителен референдум со цел укинување на договорот со Бугарија потпишан од СДСМ, кој, како што велат, е корен на сите негации.
„ИК на партијата донесе одлука да се пристапи кон собирање 100 потписи за граѓанска иницијатива, на кој првопотпишан ќе биде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и раководството по што очекуваме Собранието да ја одобри иницијативата по што ќе почнат да течат роковите за собирање 150.000 потписи со цел организирање референдум.
Референдумското прашање, кое е усвоено по долги консултации со експертите, коалициските партнери и телата на партијата, ќе гласи: Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во „Службен весник“ бр: 12/2018 од 18.1.2018 година?
Овој договор е корен на сите проблеми и почеток на негацијата на македонскиот јазик, идентитет и историја“, се вели во соопштението на партијата.
Од таму додаваат дека доколку СДСМ верува оти договорот е добар, нека излезе и нека го брани, а ВМРО-ДПМНЕ на референдумот отворено ќе води кампања со цел гласање за негово поништување.
„Референдумот ќе биде задолжителен и потоа антимакедонскиот СДС нема да има основ да бега. Ако во Владата има барем малку демократија, тие ќе го поддржат референдумот и ќе ги повикаат граѓаните на одѕив“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Соопштенија
„Славиме заедно – 100 години Прилепска пиварница“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/post-i-PR.jpg)
На 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска Пиварница.
Основана во 1924 година, Прилепска Пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.
Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“ ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.
Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.
ПР текст
Соопштенија
Фестивал на видео игри во Diamond Mall
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Foto_1.jpg)
Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.
На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.
За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.
Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall прерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.
ПР текст
Соопштенија
Компанијата „Зегин“ ги обедини граѓаните во хуманитарна трка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/NO1_8466.jpg)
Во неделата во Општина Аеродром се одржа “Хуманитарната Трка Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои”.
Трката беше во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, а средствата собрани од сите котизации на пријавените учесници ќе бидат донирани во Здружението “Во мојот свет”, за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутистичен спектар.
Повеќе од 1800 граѓани трчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.
Трките беа поделени во неколку категории:
Трка на 10км
Трка на 5км
Штафетна трка 2х5км
И детски трки од 150, 300 и 500м.
За сите пријавени учесници следуваше богат пакет, а за најдобрите имаше и награди во сите категории.
Тркачите имаа задоволство да трчаат по сертифицирана патека, а сите посетители уживаа во забава, музика, игри за најмалите и освежување.
Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.
ПР текст