Македонија
Ковачевски: Правиме сѐ за да обезбедиме електрична енергија за цена под берзанската
Владата ќе направи сè за да му обезбеди на стопанството цена на електричната енергија што ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти, изјави премиерот Ковачевски по работните состаноци со бугарскиот премиер Донев и претседателот на Бугарија, Радев, во Софија.
Премиерот Ковачевски истакна дека ова треба да се реализира со формирање работна група и други активности со Република Бугарија и соодветните тела во Европската комисија бидејќи Бугарија е членка на ЕУ за да може да се комплетира тој дел.
„Исто така, македонскиот бизнис имаше барање да не бидат прекинати меѓународните текови на трансфер на електрична енергија бидејќи во минатото тоа се има случувано во три наврати во прилично долги периоди меѓу Бугарија и Северна Македонија. И тоа беше предмет на разговор. Она што го имаме сметаме дека, ако сè ова се реализира според динамиката и целите што се зададени, ќе може стопанството да има цени што ќе бидат прифатливи и соодветни на она што одговара на нивните производствени и услужни процеси“, рече Ковачевски.
Премиерот посочи дека очекувањата се за максимум 2 недели да се дојде со одреден предлог, кој мора да биде соодветен на легислативите на Бугарија и на Северна Македонија и на ЕУ.
„Се надевам дека во духот на добра волја и во духот на сите правила тоа ќе може да биде направено. Ние нормално дека имаме и други опции, кои ги разгледуваме, меѓутоа Бугарија е основата на базната енергија во регионот, пред сè, поради тоа што има нуклеарна централа што работи, која е најголемиот производител на електрична енергија“, рече Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.