Македонија
Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир ги повика невакцинираните да се вакцинираат, а вакцинираните да примат дополнителна доза за да го одржат имунитетот за заштита од Ковид-19. Тој денес заедно со министерот за здравство Беким Сали ги промовираше возилата и фрижидерите за овозможување ладен синџир за дистрибуција на вакцини обезбедни со грант од ЕУ, а по настанот најави дека самиот ќе оди по четврта доза вакцина за заштита од Ковид-19.
„Гледаме дека пандемијата полека стивнува, но тоа не значи дека треба да бидеме без грижа. Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, а ако сте вакцинирани чувајте го вашиот имунитет преку дополнителни дози. По овој настан, самиот одам во поликлиниката Букурешт за да примам четврта доза од вакцината“, рече амбасадорот Гир.
Министерот Сали рече дека на располагање имаме 350.000 дози вакцини со рок на траење до декември. Тој извести и дека веќе се стигнати 4 возила со товарен дел за транспорт на вакцините и 35 замрзнувачи до минус осумдесет степени обезбедени со грант од ЕУ, а во процедура за набавка од истиот грант се и уште едно возило, 50 лаптопи, 200 паравани и осум преносни фрижидери за вакциналните пунктови.
Лани пред да почне вакцинацијата кај нас, нашиот здравствен систем на располагање имаше два фрижидери за чување на вакцините на температура до – 80 степени отстапени од Клиниката за трансфузиологија и уште два обезбедени непосредно пред да стигне првата пратка вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски: Воена болница добива нов лик, ќе добиеме најмодерна бoлница во држвата

Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу.
„Ова е проект кој го работиме во рамки на концесијата која што ја има ТАВ за двата аеродроми, скопскиот и охридскиот. Дел од средствата се користат за општествено корисни проекти и 12 милиони евра ќе бидат потрошени за целосна реконструкција на хирушкиот блок, на блокот за патологија, биохемија и целосно опремување по најморедни стандарди.
Она што е многу значајно е дека докторите ќе добијат добри услови за работа, а пациентите ќе добијат најмодерна болница во целата држава. Драго ми е што во една соработка со ТАВ ова успеваме да го реализираме и се надевам дека ќе имаме други општествено корисни проекти“, изјави потпретседателот на Владата, Александар Николоски.
Македонија
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, извести Министерството за животна средина и просторно планирање.
Заклучоците се донесоа по дискусијата за состојбата со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, кои по исцрпната дискусија, членовите на Комитетот, поради зголемените ризици по животот и здравјето на граѓаните и поради загадувањето на животната средина, ги донесоа за превенција и отстранување на штетните последици од пожарите на депонијата „Вардариште“.
Овие заклучоци се во насока на заштита на животната средина и безбедноста на граѓаните, како и превентивно управување со потенцијални кризни ситуации од ваков тип.
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи будно ја следи целата ситуација вои и околу Вардариште и ќе биде вклучена се до трајно решение на овој проблем, за што бара трпение од засегнатите граѓани, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба.
„На лице место се врши гаснење на опожарениот дел со сопствена механизација и средства на ЈП „Дрисла“, како и со повеќе противпожарни возила и возила на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Инспекцискиот надзор го извршија овластени инспектори од СВР Скопје ЕЕКК, а присутни беа и директорот на ЈП „Дрисла“, надлежно лице за животна средина и други вработени во јавната установа“, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во согласност со А-ИСКЗ дозволата која ја поседува ЈП „Дрисла“, е изготвен извештај испратен по е-пошта до МЖСПП и ДИЖС во врска со настанот.
Од надзорот е изготвен записник за констатирање, а ќе бидат земени и примероци од подземни води и почва од страна на акредитирана лабораторија за животна средина. ЈП „Дрисла“ достави и извештај од мониторинг станицата за квалитет на воздухот. Инспекциската постапка е во тек и се следат сите мерки за евалуација на влијанието и отстранување на последиците од пожарот, се додава во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.