Македонија
Герасимовски: Се решаваат проблемите на „Козара“, се чистат сливниците и се поставува подземна инсталација
Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски беше на улица Козара од каде до општината стигнаа поплаки од граѓани за начинот и интензитетот за реконструкција на улицата.
Во моментов на улицата општинските служби вршат чистење на сливниците кои беа затнати со ѓубре и асфалтни остатоци од поставувањето на првиот асфалтен слој.
Градоначалникот Герасимовски разговараше со околните жители при што им го објасни интензитетот и начинот на одвивање на работата до целосното завршување на реконструкцијата. Тој рече дека општината ќе биде строга и ригорозна со казнување доколку во иднина повторно се случат недоследности во работата на изведувачите како затрупувањето на шахтите во овој случај.
„Во моментов општинските служби ги чистат сливниците како превентива за евентуални можни поплавувања од обилни дождови. На улицата се изведуваат активности пред поставувањето на вториот и финален асфалтен слој. Со оглед на тоа дека во околината се градат неколку нови згради и мојата цел како градоначалник е да се стави крај на прекопувањето нов асфалт затоа сега екипи од јавните претпријатија работат на поставување на подземна инсталација, во моментов се прават приклучоци за водовод. Ова можеби одзема време и носи нервоза кај жителите но е решение во иднина улицата да не се раскопува при евентуални потреби и на околните згради во градба“, рече Герасимовски пред жителите на улица Козара.
Тој пред граѓаните апелираше за трпение за да се заврши целата работа. Исто така ги извести граѓание дека веднаш штом екипите од Јавните претпријатија ја завршат работата во својот домен, Општина Центар најдоцна за една недела во зависност од временските прилики ќе го постави вториот и финален асфалтен слој. Во таа една недела општинските служби ќе направат подигање и нивелирање на сливниците, шахтите и капаците за водовод.
Општина Центар работи за подобрување на патната инфраструктура со цел истата да не биде предмет за повторно прекопување како потреба за околните градби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

