Македонија
Маричиќ во Прага – во фокусот подготовките за почетокот на преговорите на Македонија со Унијата
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска престојува во дводневна работна посета на Прага, Република Чешка, која од 1-ви јули претседава со Европската Унија.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, ќе оствари билатерална средба со министерот за европски прашања на Чешката Република, Микулас Бек, со претседавачот на собранискиот Комитет за европски прашања Ондреј Бенешик и претседателот на Интер-парламентарната група за пријателство на Северна Македонија со Чешка, Петр Беитл.
Теми за разговор на состаноците ќе бидат подготовките за почетокот на преговорите на Северна Македонија со Унијата, предизвиците кои нè очекуваат претстојната зима предизвикани од светската енергетска криза и приоритетите на чешкото претседателство со Унијата, најавија од неговиот кабинет.
„Маричиќ, 8- ми септември, Денот на независноста на Северна Македонија, ќе го одбележи со работни состаноци, во земја која во моментов претседава со Унијата и заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе биде дел од активностите на програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура во Чешка“, организирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Прага“, се истакнува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.