Култура
Бранко Росиќ во Скопје го промовира романот „Доаѓањето на матадорот“
Во организација на Српскиот културно информативен центар СПОНА, на 14-ти септември-среда, во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 19 часот, белградскиот писател, новинар и музичар Бранко Росиќ ќе го промовира својот трет роман „Доаѓањето на матадорот“.
„За „Матадорот“ една од хероините ја најдов на улица. Шетав низ градот Руан во Нормандија, и здогледав една убава питачка која беше толку убава што во секој момент комотно можеше да стане и да оди на некоја модна ревија. Се прашував што ја натерало една толку убава и млада девојка да капитулира и да се предаде на питачењето и на животот на бездомник. На стотина метри од таму било местото каде што жива била запалена Јованка Орлеанка. Зад аголот имаше големи демонстрации на „жолти елеци“.
И почнав да замислувам… Од таа бездомничка направив нова Јованка Орлеанка која ја тресе Европа, и на крај неа и нејзиното момче ги јаде самата револуција, што тие ја предизвикаа. Тоа е само дел од приказната“, открива Росиќ зборувајќи за својот најнов роман, за кој првичните реакции се фантастични.
Тука се и неговите претходни книги: „За утре најавуваат конечно разведрување“, по која наскоро ќе се снима ТВ серија, и првиот роман „А така добро почна“, како и потсетување дека неговата панк група од 80-тите, „Урбана герила“ беше оазата од која во свет се „одметнаа“ и писателот Владимир Арсенијевиќ, и сликарот Урош Ѓуриќ, но и легендарниот Цане од „Партибрејкерси“.
Сепак, како што самиот знае да каже, Росиќ на пошироката јавност, особено во Македонија, најмногу и е познат по неговото новинарско делување, особено по многу успешно вршење на функцијата заменик Главен и одговорен уредник на популарниот магазин „Недељник“.
Во биографијата на Росиќ еден детал блеска со посебен сјај. Тоа е медалот на Британската империја, добиен лично од кралицата Елизабета Втора, за промовирање и подобрување на културните врски меѓу Британија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90 отсто
Магијата на Black Friday пристигна во книжарниците на „Литература.мк“!
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозно големи попусти, дури и до 90%!
На попуст од 70% се бестселери, мотивациски книги, современи класици, биографии и книги за деца и млади од издавачките куќи „Арс Ламина“, „Култура“, „Полица“, „Бата прес“ и „Сакам книги“, „Антолог“ и „Три“.
До 90% намалување има на дел од гифт-програмата, на играчки, едукативни материјали, друштвени игри, украси за домот и канцеларијата, подароци, колекционерски производи, куфери и друго. Станува збор за селекција на производи од престижни интернационални брендови, како: Lego, Baci Milano, Ferrari, Scooterice, Clementoni, Fundamental, BG Berlin, PBM express, Abysse, Erik, Cerda, One collection, Cogo, CV Cristal, Alessi, 4М, Lexon, Italeri, Manopulos, SOL expert group, Matador и Hanipol.
Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“, ТЦ „Буњаковец“, Битола и Струмица), како и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk.
Со оваа акција се овозможува навреме да си обезбедите новогодишни подароци, но и да го дополните својот дом со нови книги и уникатни производи по супер намалени цени!
Каталогот со попустите можете да го разгледате на следниот ЛИНК.
Култура
(Видео) „И јас сум Сирма” ја запали Македонија: лектира, историска читанка и „Оче наш“ на секој Македонец
Најновата книга „И јас сум Сирма“ на авторот Зоран Спасов-Sоф ги сруши сите стереотипи за промоција не една книга. Издавачот „Арс ламина“ направи своевидна револуција во промовирањето на овој исклучително контроверзен роман.
Горат социјалните мрежи, порталите, брендирани автобуси возат низ градот, дваесетметарска реклама осамна спроти Владата, на радиостаниците ги слушаме трите реклами со баритонот на Александар Микиќ…
Двоецот „Арс ламина“ – Sоф ја помести границата за промоција на едно дело од областа на културата. Дури и оние што не читаат книги ја посетуваат веб-страницата www.ijassumSirma.mk за да дознаат повеќе информации за овој роман.
Првиот дел од кампањата заврши со спектакуларната промоција во МКЦ, каде што преку илјада книгољупци ја дочекаа Сирма да се појави на бината, придружена од нејзиниот „Сирма рокенрол-бенд, кој со еден пинкфлојдовски и седумосмински аранжман ја изведе „Заветна”.
Книгата се продава во салоните на www.literatura.mk. Исто како и пртходно, и овој пат, кога станува збор за „Арс ламина“ и Зоран Спасов-Sоф, средствата од продажбата ќе бидат наменети во хуманитарни и добротворни цели.
ПР-текст
Култура
Претставатата „Земја на штркови“ вечерва гостува во Свети Николе
Вечерва со почеток од 20:00 час. во ДК “Крсте Мисирков” – Св.Николе, гостува Театар Провокација со претставата “ЗЕМЈА НА ШТРКОВИ” во режија на Роберт Ристов.
Претставата „Земја на штркови“ е претстава која предупредува и отворено говори за причините и последиците од енормниот број иселувања на младите луѓе од татковината, поставувајќи ги прашањата: Дали доколку го гледаме само својот пат, можеме да бидеме среќни? И дали доколку остануваме инертни, можеме да промениме нешто? Дали најлесното и наједноставно решение е да се замине таму некаде во туѓина, барајќи подобро место за живеење, или заминувањето е доживотна болка и непополнета празнина која останува цел живот? Дали овие крици од сцената се последните обиди да нѐ разбудат од летаргичноста, но и од заблудите, и да нѐ натераат да се преиспитаме самите себеси, до каде – тоа сме доведени и дали е крајно време да се преземе одговорност за последицата наречена – бела чума!
Играат: Мирјана П. Ристов, Роберт Ристов, Изабела Јакимова и Радо Алексовски.
Истата оваа претстава на 26.11 гостува во Пробиштип, на 06.12 Велес, на 10.12 по втор пат ќе гостува во Охрид, а на 11.12 ќе ја има и скопската премиера во МКЦ.