Контакт

Европа

STADA-здравствен извештај за септември 2022 година – Европејците не спијат поради стравување и грижа за пари

Објавено пред

Квалитетот на сонот на Европејците во пад

dobivaj vesti na viber

Европејците не спијат поради стравување и грижа за пари

Дури 78 проценти Европејци тешко успеваат да ја преспијат ноќта, предупредува здравственото истражување на компанијата STADA, кое опфати над 30 000 испитаници во 15 земји, меѓу кои и Србија.

Спиењето е основна човечка потреба, како што се храната и водата. Третина од животот поминуваме во сон, и тоа е скапоцено време за нашето тело да закрепне и да се обнови. Недоволно сон подолг временски период може сериозно да го загрози и трајно да го наруши нашето здравје. Оттаму загрижува што дури секој петти Европеец спие ноќе без прекин, а секој трети предупредува дека сега спие полошо отколку пред пандемијата на ковид 19.

Најмногу мака со сонот имаат Белгијците, 46 % од нив тврдат дека лошо спијат. Следуваат Британците меѓу кои 8 % минуваат бессони ноќи, а 35 % лошо спијат. Кога станува збор за Србија, на лош сон се жалат 29 % од граѓаните, што е под европскиот просек кој изнесува 35 %. Во Европа најдобро спијат Холаѓаните. Од нив 72 % го опишуваат својот сон како добар.

Секојдневните проблеми, анксиозноста и финансиските проблеми ги држат будни Европејците.

Жените во Европа почесто лежат будни мислејќи за проблемите, 38 % во однос на 29 % мажи. Секојдневните грижи најчесто го нарушуваат сонот на Полјаците (47 %) и на Шпанците (40 %). Не заостануваат ни граѓаните на Србија, од кои 34 % не можат да спијат поради секојдневните проблеми, а дури 31 % поради стравувања и лоши мисли, што е над европскиот просек кој изнесува 26 %.

Анксиозноста сепак најмногу ги мачи Италијанците, па дури 42 % од нив ноќе се будни поради стравувањата и чувството на страв. Кај Португалците, 25 % не спијат поради грижа за пари. Кај Британците, на 21 % сонот им го нарушуваат уринарните проблеми, на 18 % Германци им пречи вревата од околината, додека на 17 % Французи и на 16 % Холанѓани сонот им го нарушува ‘рчењето на партнерот.

Предрасуди против лековите за спиење

Европејците се поделени кога се во прашање препаратите за спиење, покажува истражувањето на Стада. И покрај лошиот сон, апчиња или капки за спијање одбиваат 53 % од Европејците, а исто толку и граѓаните на Србија. Уште поизречни се Холаѓаните со 61 %, Чесите со 61 %, Романците со 60 % и Австријците со 60 %. Најголеми противници на препаратите за спиење се граѓаните на Казахстан, дури 69 %. Стравот од можна зависност од овие препарати е особено нагласен во Чешка 25 % и Казахстан 24 %. Очекувањето на несакани нуспојави ги спречува 13 % Европејци да земаат табелети за спиење. Идејата за купување на спомнатите производи е особено непријатна за граѓаните на Австрија 22 % и Белгија 18 %.

Истовремено, другата половина Европејци 47 % срдечно ја поддржува употребата на препарати за спиење. Први се Шпанците со 59 %, Италијанците со 58 % и Полјаците со 57 %. Во Србија, 47 % од граѓаните ги сметаат за корисни спомнатите препарати, меѓи кои 26 % истакнуваат дека би ги користиле само со препорака на лекар.

Производите на база на CBD се најпопуларни меѓу европската младина

Интересот за препаратите за спиење на база на CBD, смирувачка состојка екстрахирана од листовите на женската билка коноп, силно корелира со годините. Меѓу Европејците постари од 55 години, 42 % можат да замислат да го користат овој препарат, додека тој процент е значително повисок кај оние од 18 до 34 години и изнесува 55 %. Стравот од можна зависност е најчеста причина за внимателност со производите на база на CBD, баш како што е тоа случај со сите останати препарати за спиење.

ПР

Европа

Неколку возови во Украина запрени поради закани за бомба

Објавено пред

Анонимни закани со бомби повторно го нарушија железничкиот сообраќај низ Украина, соопштија вчера властите.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека патнички воз што се движел кон Запорожје бил принуден да застане во селото Бурштин, каде што патниците биле евакуирани на безбедно растојание додека експерти и кучиња трагачи ги пребарувале вагоните за експлозиви. Откако добиле дозвола за патување, возот го продолжил своето патување.

Според новинската агенција УНИАН, неколку други возови во различни региони исто така биле запрени и проверени по слични закани. Меѓу нив била и линијата Днепар-Будимпешта што ја поврзува Украина со Унгарија.

Слични инциденти се пријавени во последните денови, иако не се пронајдени експлозивни направи во ниту еден од засегнатите возови, вклучително и на меѓународните линии. Сепак, превентивните проверки предизвикаа доцнења. Властите досега не дале информации за можните мотиви или потекло на заканите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Објавено пред

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните власти, пренесе Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Драматични снимки кружат на социјалните мрежи на кои се гледаат порои од каллива вода што се движат низ градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи сè на својот пат.

Лошото време ја натера националната метеоролошка агенција на Шпанија АЕМЕТ да издаде црвена тревога, највисоко ниво, за крајбрежниот регион. Досега нема извештаи за жртви или повредени.

Каталонската агенција за цивилна заштита апелираше до жителите на делтата на реката Ебро во Тарагона да не ги напуштаат своите домови. AEMET предупреди дека во областа може да наврнат до 180 милиметри дожд за само 12 часа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Објавено пред

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално го анектираше, објави руската новинска агенција ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Дронот го погодил објектот во градот Феодосија преку ноќ, предизвикувајќи пожар, објави ТАСС, цитирајќи го кримскиот лидер Сергеј Аксјонов. Нема непосредни извештаи за жртви, објави ДПА.

Наводно, над Крим се соборени повеќе од 20 беспилотни летала. Синоќа, руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнало 37 беспилотни летала над неколку руски региони, Црното Море и Азовското Море. Истиот складишен објект претходно беше оштетен во украински напад со беспилотни летала минатата година.

Украина постојано ги таргетира објектите за преработка на гориво зад фронтовските линии како дел од својата стратегија за нарушување на руските синџири на снабдување. Русија, исто така, ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети.

Вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 3.100 беспилотни летала и 92 ракети против Украина само во изминатата недела. Русија води војна против Украина повеќе од три и пол години.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија2 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет2 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет2 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија4 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија4 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа5 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет5 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет6 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет6 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа6 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет6 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија6 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија6 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ19 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет20 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...

Свет22 часа

Папата Лав дели дека договорот за примирје во Газа даде искра на надеж во Светата земја

Папата Лав Четиринаесетти изјави дека договорот за примирје во Појасот Газа „даде искра на надеж во Светата земја“. Тој ова...

Македонија1 ден

Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела – Криумчарење и Фалсификување исправи. Како што се...

Свет1 ден

Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот

Агенцијата за цивилна заштита на Газа, која е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500.000 лица се вратиле...

Македонија2 дена

Од утре секој ден по 15 часот ќе има блокади за загинатите во дискотеката „Пулс“

Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“ во...