Економија
100 години ПивараСкопје – 100 години традиција, развој и партнерство со заедницата
Пивара Скопје прослави една уникатна приказна, со патувањето кое започна во 1922 година, од визионерско партнерство, искрена доверба и иновативен дух. Врз тие вредности е изградена Пивара Скопје и тие остануваат наш темел низ сите овие години.
![]()
Како дел од одбележувањето на големиот јубилеј беа организирани специјални настани на кои заедно со партнерите беше сумиран досегашниот придонес и беше трасиран патот за следните 100 години на Пивара Скопје во одржливиот развој и поддршката на заедницата во неколку клучни области, како што се: едукацијата и развојот на младите, обезбедувањето чиста животна средина и заштита на водните ресурси, создавање инклузивна и средина за учење за вработените и партнерите, инвестирање во нови технологии и други области, како што се: спортот, културата, уметноста и традицијата.
На парнерските настани организирани за 100-годишнината на Пивара Скопје учествуваше и главниот извршен директор на групацијата Coca-Cola HBC, Зоран Богдановиќ, како и претставници од Heineken N.V. и The Coca-Cola Company. Во оваа прилика тие направија посета на пазарот, при што Пивара Скопје уште еднаш се заложи да обезбеди највисок квалитет на премиум производите и на искуството на нашите купувачи и потрошувачи. Како резултат на тоа, се создаваат високи трајни вредности кои се споделуваат заедно со партнерите и заедницата. Тие го посетија и центарот за искуства на Пивара Скопје, сместен во зграда која постои од почетоците на компанијата и каде се наоѓаат голем број артефакти кои сведочат за нејзината долга и богата историја.
![]()
„Ѝ ги честитам на Пивара Скопје првите 100 години од нејзината успешна работа. Среќни сме и особено горди што во нашата групација имаме компанија со толку богата традиција, со толку многу страст за иновации, за највисок квалитет, за развој и со исклучителен сенс и грижа за потребите на заедницата на која ѝ припаѓа. Заради сето тоа и многу повеќе, Пивара Скопје и нејзините вработени и партнери ќе продолжат да јадобиваат нашата бескомпромисна поддршка“, рече главниот извршен директор на Coca-ColaHBC, Зоран Богдановиќ.
Автентичната приказната за Пивара Скопје, која се раскажува веќе 100 години, беше повод и за дружење меѓу вработените, деловните и партнерите од заедницата кои во изминатите децении учествуваа и дадоа личен печат во креирањето и споделувањето на заедничките успеси. Сите тие наздравија за богатото наследство создадено од Пивара Скопје во минатото, фокусирајќи се на нејзиниот успех во иднина, што е уште поважно.
![]()
„Нашата компанија е основана и изградена овде. Нашето наследство и нашите брендови се составен дел од градот, земјата и националниот идентитет. Како нераскинлив дел од заедницата, ние го претставуваме најдоброто од локалнитите состојки, талент и дух. Истовремено, ние сме дел од едно големо интернационално семејство. Заедно со Coca-Cola HBC и Heineken ние имаме единствена можност да го збогатиме нашиот заеднички потенцијал, преку постојана размена на знаење, искуство и таленти. Да се живее сто години е како да се трча маратон, а не спринт. Не е потребно само сила, туку и конзистенстост и истрајност. Но, со цел тој живот да биде успешен, исполнет и забавен, потребно е заедништво. Горди сме што споделуваме толку многу заедно, толку спомени и посебни моменти, во добро и во лошо. Затоа, кога велиме дека сме партнери засекогаш, дека растеме заедно, секогаш заедно, тоа навистина и длабоко го мислиме. Се надеваме дека ќе се чувствувате како да сте дел од ова посебно патување или како што секогаш велиме – Eднаш Пиварец, засекогаш Пиварец“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.
Честитки за 100-годишниот јубилеј пристигнаа од голем број видни личнсти од заедницата, почнувајќи од претседателот Стево Пендаровски, кој присуствуваше на централниот настан за одбележување на роденденот.
Како дел од прославата, на два одвоени работни состаноци се разговараше за бизнис моделот на одржливост, како и за потребата да се фокусираме на младите и на создадевањето инклузивна средина за учење за вработените и партнерите, за да можат тие да го достигнат својот целосен потенцијал, па дури и да го надминат и прошират.
![]()
Приклучувајќи се кон честитките за големиот јубилеј, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги нотираше континуираните напори и вложувања на Пивара Скопје во доменот на одржливиот развој и заштитата на животната средина, посебно нагласувајќи ја предводничката улога на компанијата во подигнување на јавната свест во однос на постапувањето со отпадот.
Една од вредностите на Пивара Скопје е желбата да расте, при што посебно внимание се посветува на растот и развојот на младите. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ѝ оддаде посебно признание на Пивара Скопје за постигнатите резултати во реализацијата на долгорочниот проект за обука на млади луѓе „Вештини за успех“, како дел од платформата „Youth Empowered“, како и за проектот за практикантска работа „Coke Summership“. Овие платформи помогнаа да се создадат генерации на таленти и успешни луѓе.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

