Црна хроника
Стечаен управник присвоил 350 илјади евра

МВР соопшти дека поднело кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за даночно затајување против лицето М.Ц (46), кое како стечаен управник од три фирми присвоил речиси 350 илјади евра и го отштетил Буџетот со неплатен данок во висина од над шест илјади евра
Во врска со овие злоупотреби пријавени се и неговата сопруга А.Ц (45) за соизвршителство, како и Д.Д. (54) за помагање.М.Ц. како стечаен управник во правните лица АД МАЛИНА во стечај од Крива Паланка и во АД НАГОРИЧАНЕ во стечај од Куманово, со пречекорување на своите овластувања, во периодот од 2002-2007 година вршел продажба на имот од стечајната маса на друштвата, при што паричните средства ги присвојувал за себе и со тоа овозможил корист за себе и за други во вкупен износ од 21.494.010,00 денари (околу 350.000 евра) за која сума и ги оштетил двете друштва. Покрај тоа за дел од продадениот имот не прикажал реализација, односно не пресметал и не платил данок на додадена вредност и со тоа го оштетил Буџетот на РМ за износ од 378.038,00 денари (6.000 евра), односно остварил вкупна штета од 21.872.048,00 денари. Истото го сторил во соработка со правното лице БЕСТ 2001 Крива Паланка, сопственост на неговата сопруга А.Ц., и со помош на Д.Д.. како магационер во АД МАЛИНА и БЕСТ 2001.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.