Контакт

Економија

Ковачевски: Гроздоберот е во полн ек, посакувам успешна и бериќетна лозарска година

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ каде присутните имаа можност да учествуваат и да го проследат процесот на берба на грозје.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски ја искористи денешната пригода, да ги истакне заложбите на Владата да продолжи интензивно со конструктивната соработка, како и досега, со цел стимулирање на производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари.

Тој го истакна огромното значење на малите и големите винарии, чии активности придонесуваат за унапредување на квалитетот на македонското вино и претставувањето на нашата земја како винска земја и рамноправен дел од винската карта, на регионот и пошироко.

Премиерот Ковачевски во разговорите истакна дека по консултации со винариите и лозарите годинава е постигнат договор за зголемување од историски 30% на овогодинешните откупни цени на грозјето.

„Од 2017 година досега, се решени проблеми и покажана е сериозна грижа за лозарите. Преку разни основи на поддршка достигната е бројката, инвестирани се околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, средства директно исплатени кон лозарите. Зголемени се основни субвенции за одржување на лозови насади. Покажана е грижа и за малите производители, сменет е Законот за вино, и денеска постојат вкупно 139 субјекти, а 71 се регистрирани само оваа година. Обезбедена е финансиска поддршка и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, за регистрирани производители на вино кои во овие две години имаат произведено и извезено вино. Винариите беа помогнати и со мерките за време на КОВИД кризата кога беа исплатени 649 милиони денари директна помош на лозарите. Сите мерки резултираа со стабилизирање на домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Трета година по ред бележиме раст на извозот на вино, но и на винарските визби кој заклучно со 2022 година изнесува 139 со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри“, велат од Владата.

Премиерот Ковачевски на денешниот настан, посака среќа и бериќет, со желби за берба на квалитетно грозје и производство на квалитетно вино.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Тесла“ ветува историска исплата за Маск од дури 1 трилион долари

Објавено пред

Илон Маск би можел да стане првиот човек во историјата кој ќе добие акции во вредност од еден трилион долари, доколку во следната деценија „Тесла“ ги исполни своите најамбициозни цели, соопшти Управниот одбор на компанијата.

dobivaj vesti na viber

Според новата програма за наградување, Маск нема да добива пари или класични бонуси, туку акции, чија вредност би достигнала историски рекорд доколку плановите се реализираат.

Меѓу условите се вклучени продажба на 12 милиони електрични возила, лансирање на еден милион роботи со вештачка интелигенција и осмократен раст на вредноста на компанијата.

Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека иако задачите изгледаат скоро невозможно, токму визијата на Маск и неговата упорност се гаранција за успех.

„Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата“, порача Денхолм.

Оваа објава доаѓа само еден месец по одлуката на американски суд, со која Маск доби 29 милијарди долари во акции, откако претходно беше поништено грандиозното доделување од 50 милијарди долари поради негова неправедност кон акционерите.

Со новата програма, „Тесла“ испраќа порака дека иднината на компанијата останува тесно врзана за најбогатиот човек на планетата и неговите визионерски планови.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според него, е резултат на одговорни владини политики.

dobivaj vesti na viber

„Ја стабилизираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст“, напиша Мицкоски.

Тој посочи дека стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што претставува пад од еден процент во однос на истиот квартал минатата година.

„Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина“, нагласи премиерот.

Мицкоски се осврна и на трговската размена, посочувајќи дека во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, а увозот за 4,35 проценти.

„Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во првите седум месеци е поголема за 5,07 проценти во однос на истиот период лани“, додаде тој.

„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство. Македонија оди напред, со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој“, порача премиерот во својата објава.

Прикажи повеќе...

Економија

Стојаноски: Економијата се буди, граѓаните наскоро ќе почувствуваат подобар живот

Објавено пред

Во рамки на новото издание на емисијата „Ставот на регионот“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој говореше за состојбата на македонската економија и најави подобрувања што, според него, ќе донесат повисок стандард за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Три квартали по ред имаме раст на БДП од над 3%. Индустриското производство од месец јули, споредено со јуни претходната година, е зголемено за 4,1%, а преработувачката индустрија бележи раст од 7%. Дополнително, забележуваме и поголем број туристи кои доаѓаат во државата“, изјави Стојаноски.

Тој нагласи дека Македонија гради темели на нова економска филозофија, чија цел е повисок стандард, подобри плати и пензии и поквалитетен живот за сите граѓани.

„Овие показатели укажуваат дека македонската економија полека заздравува. А кога ќе влеземе во полн ек на реализација на капиталните инвестиции и ќе го развиеме градежништвото, како клучна гранка, ќе имаме уште повеќе можности да помагаме и со дополнителни мерки“, додаде Стојаноски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија14 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ16 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија18 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет20 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет21 час

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија21 час

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет22 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија22 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија22 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија1 ден

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...

Македонија2 дена

На Табановце чекање и до 40 минути, АМСМ апелира за трпение

Долги колони возила се создаваат на граничниот премин Табановце, каде што за излез и влез во државата се чека и...

Свет2 дена

Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу...

Скопје2 дена

Таксистите добиваат 200 електрични возила, Меџити го претстави проектот кој ќе го чисти воздухот

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес на работен состанок...

Економија2 дена

Мицкоски порача дека невработеноста паѓа, а економијата оди напред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на „Фејсбук“ порача дека најновите податоци ја потврдуваат економската стабилизација и растот кој, според...

Македонија2 дена

Илиевски: Дали за торба пари Мицкоски продаде државни тајни?

Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, денес одржа прес-конференција на која ја истакна загриженоста на партијата за одбивањето на Христијан Мицкоски...

Македонија2 дена

СДСМ призна дека ги прислушкувал Мицкоски, новинари и бизнисмени, вели Петрушевски

СДСМ призна дека го прислушкувал и го следел претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари и бизнисмени, обвинуваат од...