Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Центар

Утрово во 04.35 часот било пријавено дека во Скопје нa улицата Беласица, пред крстосницата со булеварот Гоце Делчев се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мотоциклист се судри со автомобил во Скопје, тешко повредени две лица

Несреќа се случи вчера на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје, кога автомобил управуван од И.Х.Ј.(30) се судри со мопед , управуван од Ј.Ј.(23) од Скопје.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот сопатник Б.Ј.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, извести МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Уапсен кичевец, возел автомобил без регистарски таблички под дејство на алкохол

Вчера во 23.00 часот на пресекот на улицата „Магистрален пат“ со булеварот „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Н.К.(36) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ без регистарски таблички, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница

Вчера во 16.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Е.Б.(36) од гостиварско Здуње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.