Спорт
Карлос Алкараз го освои УС Опен и стана најмлад светски рекет број еден

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја освои титулата на последниот гренд слем турнир во сезоната, УС Опен. Тој во финалето во Њујорк го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 во сетови (6:4, 2:6, 7:6, 6:3).
Со ова, Шпанецот стана најмладиот светски рекет број еден, на возраст од 19 години и четири месеци. Досега рекордот беше во сопственост на Австралиецот Лејтон Хјуит, кој во 2001 година беше на врвот на АТП-листата со 20 години и 9 месеци.
Алкараз стигна до големата победа по три часа и 22 минути игра. Го доби првиот сет со 6:4 во гемови, но потоа возврати Руд со добра игра во вториот. Шпанецот го скрши отпорот на противникот во третиот сет, кој му припадна по тај-брејк. На крајот, во четвртиот сет славеше со 6:3 во гемови и го заокружи мечот со голема победа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фудбалот оживува во Охрид! Mozzart ја започнува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – токму од бисерот на Македонија!

Со голема гордост ви најавуваме дека Охрид е првиот град во кој започнува оваа голема акција, преку која ќе се изградат бројни фудбалски терени низ целата држава – места каде ќе се раѓаат нови спортски соништа.
Новоизградениот терен ќе го носи името на легендарниот охриѓанец и македонски фудбалер Гоце Толески, како симбол на посветеност, успех и локална гордост.
📅 Четврток 🕗 20:00 часот 📍 Охрид
Со оваа иницијатива, Mozzart го претвора спортот во сила на заедништво, мотивација и надеж. Вложувањето во спортот е повеќе од цел – тоа е визија што оживува преку оваа акција.
Ајде заедно да покажеме дека фудбалот не е само игра. Тој е љубов, страст, желба и инспирација. Затоа – бидете дел од оваа нова ера. Фудбалот е повеќе од игра!
(ПР)
Спорт
Баерн се вклучи во трката за потписот на Гитенс

Баерн Минхен влезе во трката за потписот на 20-годишниот Џејми Гитенс. Младиот англичанец извесен период се поврзува со трансфер во Челзи. Аглискиот клуб веќе се договори за седумгодишен договор со младиот англиски репрезентативец, кој постигна 12 гола и имаше пет асистенции во 49 натпревари минатата сезона.
Иако Челзи неодамна го потпиша Лиам Делап за 35 милиони евра, клубот е заинтересиран да ги зајакне и крилните позиции. Сепак, според „Кикер“, Баерн се подготвува да изврши сериозен напад, откако Флоријан Вирц се пресели во Ливерпул, а Нико Вилијамс е блиску до потпишување за Барселона.
Гитенс, кој веќе игра важна улога во тимот на Нико Ковач во Борусија Дортмунд, сега се смета за една од главните цели на Баерн. Германскиот клуб го цени Гитенс на 70 милиони евра, што ги комплицира плановите на Челзи, особено по допинг скандалот на Михаило Мудриќ.
Се шпекулира дека Гитенс сè уште е заинтересиран за трансфер во Челзи, но само под услов да клубот да ги плати бараните 70 милиони евра.
Спорт
Мари добива статуа на Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон.
Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот.
Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ.
Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз.
Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е статуата да биде поставена во 2027 година.
Тоа ќе биде на 150-годишнината од турнирот Вимблдон, кој се игра од 1877 година.
За потсетување бронзена статуа на Фред Пери беше поставена на Вимблдон во 1984 година, на 50-годишнината од неговата прва титула.