Македонија
Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета
Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, соопштија од кабинетот на претседателот.
На државниот погреб на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, се очекуваат да присуствуваат голем број шефови на држави и влади од целиот свет, како и дел европски кралици и кралеви.
Кралицата почина во четвртокот на возраст од 96 години. Нејзиниот син, принцот Чарлс, стана нов крал на Велика Британија, Чарлс Трети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието
Група родители на лица со попреченост утре во 11:55 часот пред Собранието ќе одржат мирен протест под мотото „Стоп за дискриминација и насилство врз лица со попреченост на работно место“.
Причина за протестот е регистриран случај на дискриминација, психичко и физичко насилство врз лице со Даунов синдром, вработено во јавна установа под надлежност на Град Скопје.
Родителите бараат од надлежните институции итна реакција, дисциплинска и кривична одговорност за сторителите, како и системски мерки за заштита на лицата со инвалидност во јавниот сектор.
„Настанот има за цел да ја потсети јавноста и институциите на обврските произлезени од Законот за вработување на инвалидни лица, со акцент на достоинствен третман, поддршка и инклузија“, велат родителите.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

