Спорт
Халанд против „неговите“, Потер дебитира на клупата на Челси
Второто коло во Лигата на шампионите ќе биде комплетирано вечерва, со натпреварите во групите Е, Ф, Г, Х, а ќе се одигра и дуелот Глазгов ренџерс – Наполи во групата А, кој беше одложен за еден ден поради смртта на британската кралица Елизабета.
Дерби натпревари нема, интерес привлекува дуелот Манчестер сити – Борусија Дортмун и дебито на новиот тренер на Челси.
Во центарот на вниманието на „Етихад“ ќе биде напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, кој летово му се приклучи на англискиот шампион од Дортмунд. Халанд постигна два гола во победата од 4-0 против Севиља во првото коло.
Тој оваа сезона постигна дури 12 гола на седум натпревари и во просек ја погодува мрежата на секои 54 минути за Сити.
Шанса да се врати во борбата за второто место во групата ќе бара Севиља, која по очајниот старт на сезоната конечно викендов успеа да го победи Еспањол и со тој триумф патува во Копенхаген.
Во групата Е беа забележани два неочекувани резултати во првото коло. Динамо Загреб во второто коло влегува како лидер со три бода, Челзи е на нула, а Милан и Салцбург имаат по еден бод.
Челзи го пречекува Салцбург и едноставно мора да победи на дебито на новиот менаџер Греам Потер.
Динамо оди на „Сан Сиро“ во одлично расположение, но сè освен триумф на италијанскиот шампион на тој меч би било првокласно изненадување.
Реал Мадрид ја започна одбраната на титулата со победата од 3:0 на гости кај Селтик во групата Ф, а сега го има Лајпциг, кој минатата недела на својот стадион шокантно беше поразен од Шахтјор со 4:1. Реал најверојатно ќе биде ослабен со отсуството на повредениот Карим Бензема.
Шахтјор е номинален домаќин на Селтик во Варшава, а доколку освои нови три бода ќе направи огромен чекор кон нокаут фазата и без оптоварување ќе може да влезе во двомечот со Реал во третото и четвртото коло.
Јувентус ќе ѝ гостува на Бенфика, во дуелот меѓу екипите кои ќе се борат за второто место во групата Х. Јуве стартуваше со очекуван пораз во Париз, Бенфика го победи Макаби Хаифа во Лисабон.
Ренџерс и Наполи ќе го комплетираат колото во А групата. Италијанскиот тим во првото коло го декласира Ливерпул, додека Ренџерси доживеаја тежок пораз во Амстердам д Ајакс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз урна два рекорди стари речиси еден век
Речиси еден век, тенисот чекаше и дочека да бидат урнати два гигантски рекорди. И двата беа постигнати денес во Мелбурн од Карлос Алкараз. И двата се нешто што навистина одекнува во историјата.
Првиот стар 88 години, на 22-гпдошна возраст Алкараз стана најмладиот играч во историјата со кариерен Гренд слем, односно ги освоил сите четири најголеми трофеи во белиот спорт. Претходниот носител на рекордот беше Дон Баџ, кој го постигна во 1938 година.
Само седум други тенисери го постигнале ова: Фред Пери, Род Лејвер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Кај тенисерките, оваа листа е малку подолга: Морен Коноли, Дорис Харт, Ширли Фрај Ирвин, Маргарет Корт, Били Џин Кинг, Крис Еверт, Мартина Навратилова, Штефи Граф, Серена Вилијамс и Марија Шарапова.
Вториот подвиг на Алкараз е уште потежок за постигнување. Никој не го направил тоа од 1935 година и Фред Пери. Поминаа дури 91 година откако тенисер ги освои своите први финалиња на сите четири Гренд слем турнири.
Алкараз е помлад од Пери, кој имаше 26 години кога го постигна овој подвиг. Во 2022 година, Алкараз го победи Каспер Рудо во Њујорк, 2023 година во Лондон, Ѓоковиќ, 2024 година во Париз, Александар Зверев, а сега повторно Ѓоковиќ во Мелбурн. Во осумте одиграни финалиња на Гренд слем турнири, тој има само еден пораз – минатото лето на Вимблдон против Јаник Синер.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA

