Македонија
Нови 141 позитивен случај на ковид, починало едно лице
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на Ковид-19: Скопје – 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции.
Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Кавадарци – 7, Штип – 6, Прилеп – 5, Крива Паланка – 3, Куманово, Битола и Гевгелија – по 2, Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, не се регистрирани починати лица.
Направени се 866 тестови: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-9, Авицена-19, Биотек-13, Систина-29, лабораторија Лаор-8, Синлаб-22, Ремедика-10, Плодност-2, Генеа-5, Никоб лаб-26, ВФВ Медикал-6, Ели медика плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-4, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 312.
Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160781, Активни 369
Куманово 18166, Активни 36
Битола 17867, Активни 39
Прилеп 15439, Активни 35
Тетово 14443, Активни 13
Кавадарци 12042, Активни 28
Велес 10760, Активни 19
Охрид 10285, Активни 22
Гостивар 10273, Активни 8
Струмица 8770, Активни 7
Штип 8728, Активни 13
Кичево 6062, Активни 6
Кочани 5544, Активни 12
Струга 5172, Активни 6
Гевгелија 4868, Активни 6
Неготино 4130, Активни 13
Ресен 3018, Активни 11
Радовиш 2830, Активни 5
Свети Николе 2793, Активни 1
Крива Паланка 2654, Активни 4
Делчево 2182, Активни 9
Берово 1870, Активни 11
Дебар 1811, Активни 0
Валандово 1599, Активни 1
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 1
Кратово 1116, Активни 8
Богданци 1100, Активни 1
Крушево 1036, Активни 7
Демир Хисар 927, Активни 2
Македонски Брод 797, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

