Црна хроника
Во Центар приведени измамници од Бугарија, кои лажеле повозрасни лица за да им изнудат пари
Денеска (14.9.2022) полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа К.О.И.(51) и Г.Е.М. (56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, кои со измама се обиделе да земат 20.000 евра од 65-годишна жена од Скопје, лажејќи ја дека нејзината ќерка прегазила дете и дека тие ќе ѝ помогнеле за да не оди во затвор.
Вчера (13.9.) на 65-годишната жена од Скопје на телефон и се јавило непознато лице кое се претставило дека наводно е полициски началник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што згазила дете и ако сака да ја спаси од затвор требало да му даде 20.000 евра. Оштетената му рекла дека има дома само 7.500 евра, а другите пари ќе ги даде дополнително. Измамникот и рекол парите што ги има да ги даде веднаш, а останатите наредниот ден, па оштетената околу 16:00 часот на локација во општина Аеродром ги дала парите на, за неа, непознато лице. Денеска, измамникот повторно се јавил околу 7 часот, по што оштетената го пријавила случајот во Полициска станица Аеродром.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презедоа соодветни мерки и активности за приведување на измамниците и дадени се насоки на оштетената како да постапува. Откако на подрачјето на општина Центар оштетената му ги дала парите на измамникот, тој е лишен од слобода и утврдено е дека станува збор за К.О.И.. Веднаш потоа е приведена и Г.Е.М., која го чекала во ресторан, во близина на местото каде К.О.И. беше лишен од слобода. Кај нив се пронајдени пари кои потекнуваат од кривични дела. К.О.И. во службен разговор го признал делото, а признал и дека на сличен начин измамил лице од Кавадарци и лице од Охрид. По документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МВР со апел до граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица.
Видео
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај него пронајдени поголемо количество оружје и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383.
На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира. Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол “Глок” со калибар 9мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол.
Откако беше утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбеди наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол “Глок”, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење, извести Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело.
Црна хроника
(Фото) Уапсени три девојки поради тешка кражба во Гостивар: украле пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра
На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И.(24) од Тетово.

Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.

