Македонија
Грковска – Тунјан: Поддршката на СИГМА за нас е многу значајна, усогласувањето на платите во државните институции е врвен приоритет
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со претставници од СИГМА/ОЕЦД, предводени од Баграт Тунјан, задолжен за соработката меѓу СИГМА и Северна Македонија.
Грковска изрази благодарност за поддршката што СИГМА ѝ ја дава на нашата држава, особено во делот на дефинирање на Националната стратегија за реформи во јавната администрација, соработката со Генералниот секретаријат на Владата во делот на стратешкото планирање, како и за реформите во менаџирањето на јавните финансии.
Делегацијата од СИГМА ја информира вицепремиерката Грковска за стручната поддршка што ја даваат за процесот на усогласувањето на платите кај администрацијата и државните институции и дефинирање на критериумите по кои се исплаќаат платите. За таа цел, веќе е формирана работна група, која ја сочинуваат претставници на Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, како и Генералниот секретаријат на Владата.
Грковска нагласи дека овој процес е многу важен и дека Владата е одлучна во заложбата да се дефинираат критериумите врз основа на кој ќе се утврдуваат платите во државните институции.
Во однос на другите проекти вицепремиерката Грковска нагласи дека е многу важно сите процеси да бидат добро координирани за да нема преклопување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Наставниците и професорите ќе добијат покачување на платите за 5 отсто
Наставниците и професорите од основното и средното образование, ќе добијат покачување на платите за 5 проценти, почнувајќи од октомвриската плата.
Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, изрази задоволството за покачувањето, истакнувајќи дека е договорен континуиран раст на платите за просветните работници во наредните четири години.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека бил постигнат историски договор во насока на подобрување на условите за наставниците и професорите.
Македонија
МВР предупредува на измами со лажни профили: Внимавајте каде ги користите платежните картички
МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични на него.
„Сакаме како Министерство за внатрешни работи да информираме а воедно и да предупредиме дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист“, велат од МВР.
Апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваат дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нивното министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk.
Македонија
Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот
Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Имено ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, за сега од позиција на опозиција да наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на прес-конференција.
„ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДС ја промовираа Стратегијата. ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа Стратегија, и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека истото е препорака од Европската Унија. Имено укинувањето на балансерот е всушност препорака на Европската Комисија, која јасно укажува дека вработувањето врз основа на истиот, може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите. ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста“, рече Лефков.
Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон.