Црна хроника
Истрага за силување на малолетничка во Прилепско
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и почнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. Ѝ се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,
Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жена фатена додека краде во маркет во Прилеп
Вчера во 10.50 часот во маркет лоциран на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско. Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.