Регион
Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам
Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по „Дипломатската берба на грозје“ одговараше на прашања на новинарите и меѓу другото рече дека ќе присуствува на погребот на англиската кралица Елизабета Втора во Лондон.
Новинарите му кажаа на претседателот дека за присуството на погребот на кралицата Елизабета Втора некои светски лидери како американскиот претседател Џо Бајден бараат посебен третман во однос на патувањето, иако се препорачува да се оди со комерцијални летови и приватни автобуси.
„Кога тие ќе летаат со комерцијален авион, тогаш ќе летам и јас“. Мислам, одам на погребот на кралицата, но никој не дојде на погребот на Туѓман. Државите го паметат тоа. Одам на погребот на британската кралица која почина на должност, како и хрватскиот претседател… Па некако и мојот претседател умре… па ми дојдоа само Орбан и Демирел. А како ќе летам, тоа е моја работа“, изјавил тој.
Додал дека хрватскиот авион се ремонтира.
„Секако дека ќе одам со комерцијалната линија бидејќи хрватскиот авион веќе четири месеци е на ремонт. Да беше авионот достапен, ќе одев со државен авион. Така треба, така треба да летаат хрватските претседатели и премиери. Тоа е правило, тоа мора да го научиме. Хрватска има само еден авион, така што – тоа што го имате со тоа летате“, заклучил тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Утре очекувам нови оставки во Владата на Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека очекува нови оставки во Владата на Србија, но и „на други места“.
Сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија на конференцијата во Палатата Србија изјави дека „одговорноста не може да се избегне“.
Регион
Вархеји: Проширувањето на ЕУ е неизбежно, прашање е колку земји ќе се приклучат и кога
Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања.
„Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ“, рече Вархеји, пренесе МТИ.
Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на „инвестирање во долгорочниот мир, безбедност и просперитет на ЕУ“.
Регион
Затвореници се обидувале да го ископаат ѕидот од собата и да се ослободат: акција во Црна Гора
Раководството на затворот во Бело Поле спречило бегство на петмина затвореници, кои се обидувале да го ископаат ѕидот од собата и да се ослободат.
Ова го соопштија од Управата за извршување кривични санкции, од каде што појаснија дека вчера во затворот бил извршен планиран претрес во просторијата во која биле сместени петмина притвореници.
„По тој повод, а врз основа на претходни оперативни сознанија и следење на приведените, откриени и спречени се активности насочени кон ископување на надворешниот ѕид на оваа просторија. Врз основа на достапните податоци од УИКС, активностите на приведените биле насочени кон планирање и подготовка на бегството за потребите на двете приведени лица“, соопшти Службата за односи со јавноста на УИКС, пишува „Вјести“.
Објаснија дека УИКС за ова ја известила Управата на полицијата, односно Центарот за безбедност во градот.
„И поради понатамошните активности на овој државен орган и на надлежното обвинителство“.
Посочуваат дека врз основа на нивните законски овластувања ќе поведат дисциплинска постапка и ќе воведат мерки на претпазливост против одговорните приведени.
„Ве молиме, имајте предвид дека поради недостиг на капацитет на истражниот затвор во Подгорица за сместување притвореници, во затворот континуирано се сместени меѓу 100 и 120 притвореници, а од затворот во Подгорица се префрлени во оваа организациска единица. Сето горенаведено ја комплицира безбедносната состојба и доведува до нови предизвици, ризици и закани со кои се соочуваат службениците на УИКС секојдневно во својата работа, што бара секојдневни дополнителни напори во форма на континуирани засилени контроли на активностите на лицата, лишување од слобода, претреси на простории и лица, зголемен број извршни дејства, но и многуројни други активности“, објаснуваат од УИКС.
Додаваат дека за да одговорат на постојните предизвици, ќе продолжат со континуирани активности во насока на одржување стабилна безбедносна состојба.