Спорт
Дивеење на БББ во Милано со нацистички поздрави и терор
Италијанската јавност е шокрана од однесувањето на некои на навивачите на Динамо Загреб, „бед блу бојс“, кои беа снимени како прават нацистички поздрави и демолираат една сендвичарница во близина на стадионот „Сан Сиро“ пред вчерашниот меч од Лигата на шампионите против Милан.
Видеото на кое навивачите патуваат кон стадионот правејќи нацистички поздрави веќе беше споделени илјадници пати, а во другото видео тие бесот го насочуваат кон една сендвичарница пред „Џузепе Меаца“ додека сопственикот ги моли да престанат.
Dinamo Zagreb marscherar mot San Siro med uppsträckta högerarmar. Det är fan inte ljusa tider som närmar sig. pic.twitter.com/tnGDN1XQId
— Erik Niva (@ErikNiva) September 14, 2022
Sentire le urla della povera signora della panineria che urla “Basta, basta” è straziante. Siete degli animali!
pic.twitter.com/MJBAnyu5dW— Manxu Kalulusessuale (@manxuacm) September 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рикелме го доближи Атлетико до ЛШ
Минијатурата на Родриго Рикелме во 5. минута на Балеарските Острови не само што му донесе победа на Атлетико Мадрид над Мајорка оваа сабота навечер, туку веројатно и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Без овие три бода, Атлетик Билбао би имал солидни шанси да го помине Атлетико во преостанатите четири кола од Ла Лига, но вака исходот од трката за четвртото место на табелата е речиси решен.
По третолигашкиот гол на 24-годишниот Шпанец и четвртиот вкупен гол сезонава, разликата меѓу двата црвено-бели клуба е шест бода.
Мајорка е во долниот дел на табелата, но има шест бода повеќе од Кадиз кој се наоѓа во опасната зона и извесно е дека финалистот во Купот на Шпанија ќе избори опстанок.
Rodrigo Riquelme’s goal! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5YARGEy6hx
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 4, 2024
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.