Спорт
Лацио доживеа потоп во Данска, Јунајтед сигурен во Молдавија, Звезда падна во Турција

Манчестер јунајтед не дозволи да го загуби и вториот меч во низа во Лига Европа стигнувајќи до рутинска 0:2 победа на гости кај Шериф Тираспол, но другите фаворити немаа толку среќа – Лацио доживеа вистинска катастрофа со 5:1 пораз од данскиот Митјиланд, Нант загуби со 3:0 кај Карабаг, а Монако дома беше поразен од Ференцварош.
Џејдон Санчо изземањето од англиската репрезентација го прослави со гол за Кристијано Роналдо од пенал да го постигне својот прв гол оваа сезона и прв гол во Лига Европа во кариерата. Лацио, пак, откако прими два гола за четири минути во првото полувреме, на крајот доживеа катастрофален пораз од данскиот клуб.
ЛИГА ЕВРОПА, 2. КОЛО
ГРУПА Е
Реал Сосиедад – Омонија 2:1
Шериф Тираспол – Манчестер јунајтед 0:2
ГРУПА Ф
Феенорд – Штурм Грац 6:0
Митјиланд – Лацио 5:1
ГРУПА Г
Олимпијакос – Фрајбург 0:3
Карабаг – Нант 3:0
ГРУПА Х
Монако – Ференцварош 0:1
Трабзонспор – Црвена звезда 2:1
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 2. КОЛО
ГРУПА Е
Аполон Лимасол – Днипро-1 1:3
АЗ Алкмар – Вадуц 4:1
ГРУПА Ф
Ѓургарден – Молде 3:2
Гент – Шамрок роверс 3:0
ГРУПА Г
ЦФР Клуж – Сиваспор 0:1
Славија Прага – Балкани 3:2
ГРУПА Х
Пјуник – Слован Братислава 2:0
Жалгирис – Базел 0:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Драма во Шпанија: Тренерот на Жирона итно префрлен во болница

Фудбалскиот тренер на Жирона, Мичел Санчез, напиша на социјалната мрежа X дека е хоспитализиран, но не ги наведе причините поради кои е примен во болница.
„Морав да бидам хоспитализиран и ќе бидам под лекарски надзор неколку дена“, напиша Санчез, додавајќи дека се чувствува добро и со нетрпение очекува да се врати на клупата.
Поради здравствената состојба, Санчез нема да го предводи тимот на натпреварот против Виљареал во сабота. Жирона моментално е на 15-то место на табелата, шест бода над зоната за испаѓање, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола.
Ниту клубот, ниту тренерот не објавија повеќе детали за неговата здравствена состојба.
„Се чувствувам добро, под надзор сум на лекар и ги бројам деновите до враќањето на работа за да можеме да ја продолжиме борбата до крајот на сезоната. Ќе бидам отсутен од теренот, но во постојан контакт со стручниот штаб“, рече Санчес.
Минатата сезона, Санчез го предводеше каталонскиот клуб до историско трето место во шпанското првенство. Сепак, тимот се соочи со проблеми оваа сезона откако клучни играчи го напуштија клубот за време на летниот преоден рок, па Жирона е само 15-та на табелата со 38 бода, и сè уште не ја надминала борбата за опстанок.
Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.
Спорт
Алонсо се збогуваше со Леверкузен: „Разговарав со играчите“
Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.
Официјална потврда дојде и од главниот актер.
На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната.
„Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ова ќе бидат моите последни два натпревари во Леверкузен. Ова е вистинско време да го објавам тоа бидејќи секогаш имавме добра комуникација. Мораме да уживаме во овој момент со измешани емоции. Разговарав со играчите и персоналот, не беше лесно. Имавме одличен однос и тоа беше клучот. Тие веруваа во мене и ме следеа. Сакам да се збогувам на вистински начин овој викенд“, рече Алонсо.
Алонсо, поранешен шпански репрезентативец, играше за Реал Мадрид од 2009 до 2014 година за време на својата играчка кариера и освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2014 година.