Спорт
Претседателот на ФС на Шпанија организирал оргии, плаќал со службената картичка

Главна вест во шпанската јавност утрово е дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на таа земја Луис Рубиалес во неколку наврати организирал оргии, а сето тоа го платил со пари од сметката на Шпанскиот фудбалски сојуз.
Скандалот го откри „Ел Мундо депортиво“. Во текстот се наведува дека Рубиалес организирал приватни забави кои подоцна се претвориле во оргии, а сето тоа наводно се случувало во близина на Гранада.
Наводно на тие забави имало осум до десет млади девојки кои подоцна учествувале во оргиите, Рубиалес им платил огромни пари за тоа да се чува во тајност.
Наводно, целата оваа приказна ја започнал Хуан Рубиалес, кој е роднина на претседателот на Шпанската фудбалска федерација, а и тој своевремено бил член на неговиот тим и бил вработен во Фудбалскиот сојуз.
Шпанците пишуваат дека Рубиалес ги организирал овие забави под изговор дека се работни средби и ги поканил само најблиските членови на својот тим од алијансата.
Хуан Рубиалес дури го обвини претседателот на алијансата дека се обидел да извлече пари и да се збогати на незаконски начин и дека е важно само да се започне истрага во алијансата бидејќи е убеден дека сè што ќе каже ќе се докаже.
Исто така, по сè, се огласи и ФС на Шпанија кој ги демантира сите овие наводи и кажа дека нивниот поранешен вработен лажел бидејќи бил лут што неодамна добил отказ.
„ФС на Шпанија ги негира изјавите на поранешен вработен и член на тимот на претседателот. Изјавите на Хуан Рубиалес објавени од ‘Ел Мундо депортиво’ се лажни и против него е покрената истрага“, се вели во соопштението.
Алијансата соопшти дека Хуан Рубиалес не понудил никакви докази за неговата приказна и дека сè е измислено. Тој добил отказ во 2020 година и се зборува дека му било тешко и решил да се одмазди, а дали ја зборувал вистината или не, останува да видиме.
Треба да се напомене дека претседателот Рубиалес е под истрага и поради обвинувањата дека зел огромна сума пари за го премести шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија.
Покрај Рубиалес, во центарот на скандалот е и Жерар Пике, кој исто така е осомничен дека профитирал од одлуката ова натпреварување да се игра во Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ВАР спас за Јунајтед – „Црвените ѓаволи“ во 97. минута го победија Барнли

Манчестер јунајтед и Рубен Аморим ја забележаа првата победа во сезоната. Јунајтед го победи Барнли со 3:2, со гол од пенал во 97.минута.
Два пати водеше Манчестер Јунајтед, но залудно. Прво по автоголот на Кулен, а потоа и преку Ембумо, сепак, тоа не беше доволно.
Прво Фостер го израмни резултатот, а потоа и Антони.
Сепак, токму Антони беше тој што непотребно го повлече Диало на почетокот од судиското продолжение, а откако ја прегледа ВАР снимката, судијата досуди пенал.
Бруно Фернандес ја презеде одговорноста и погоди во 97.минута за голема радост на „Олд Трафорд“.
Борнмут славеше на гостински терен против Тотенхем и ја заврши непобедливоста на Спарс, кои имаа два триумфа на почетокот од првенството – 1:0.
Натпреварот беше решен веќе во петтата минута, кога Сенеси го проигра Еванилсон, а Бразилецот го совлада Викари со помош на Ромеро.
Сандерленд со два гола во последните 10 минути го победи Брентфорд со 2:1, додека Евертон победи во Вулверхемптон со 3:2
Foto/ EPA
Спорт
Пјастри „за влакно“ го победи Норис за пол-позиција во Зандворт

Оскар Пјастри, лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Холандија. Австралиецот во борбата за пол-позицијата го победи тимскиот колега Ландо Норис, кој доминираше на тренинзите и во првите два квалификациски сесии.
Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг во историјата на Зандворт, 1:08.662. Норис задоцни 12 илјадити делови од секундата зад тимскиот колега.
Вториот ред им припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул и изненадувањето Исак Хаџар од Рејсинг булс.
Следуваат возачите на Мерцедес и Ферари, Џорџ Расел и Шарл Леклер. Следуваат Луис Хамилтон (Ферари), Лијам Лосон (Рејсонг булс) и Шпанците од Вилијамс и Астон Мартин, Карлос Саинц и Фернандо Алонсо.
Трката за Големата награда на Холандија, в недела ќе започне во 15 часот. Пјастри во генералниот пласман има девет поени повеќе од Норис.
Foto/ sportsorca.com
Спорт
(Видео) Челзи го победи Фулам – Гостите се жалат на судењето

Денот во Премиер лигата започна со победата на Челзи против Фулам, 2:0 (1:0). Ќе се анализира судењето на овој натпревар, впечаток е дека судијата два пати ги оштети Фулам.
Не започна добро за „сините“, веќе во 14-та минута Мареска беше принуден да направи замена бидејќи Делап се повреди, а потоа само седум минути подоцна Фулам постигна гол.
Марко Силва беше бесен. И со право, кога голот на Кинг беше поништен по долгата ВАР проверка поради ситуација која можеше, а и не мораше да се окарактеризира како фаул.
Гневот на Силва дополнително се зголеми во десетата (од предвидените осум) од судиското продолжение во првото полувреме кога Челзи успеа да ја пробие одбраната на Фулам и да поведе со 1:0 со голот на Жоао Педро кој беше најдобар во скокот по корнер.
Челзи изгледаше поопасно во текот на првиот дел од натпреварот, имаа неколку добри шанси, но Лено го спаси својот гол во два наврати. Нова нервоза за Фулам и Силва – пенал за Челзи во 56-та минута, кој Енцо Фернандез лесно го претвори во 2:0.
Челзи имаше уште неколку шанси подоцна, неколку интересни напади, а Фулам исто така се закани во неколку наврати, но без успех.
Foto/ EPA/DAVID CLIFF