Македонија
Мицкоски: Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе преговара со Софија за сите околности кои сметаме дека се асимилаторски
При денешната посета на општина Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на отфрлањето на иницијативата за референдум, кои се следни чекори и што ќе се направи откако ќе дојде на власт истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и повторно да преговара за сите околности за коишто сега ценат дека се асимилаторски и се сопирачка за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.
„Па видите сега ние ако влеземе во еден вртлог на иницијативи а тој одбива, и тоа биде некоја тема тогаш сме ја испуштиле суштината, а суштината е како да го спречиме овој асимилаторски договор да нанесе штета на идентитетот на македонскиот народ, тоа е суштината и вратата на којашто се отвора можноста да се направи асимилација на македонскиот народ е токму промената на Уставот. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи каква било промена на Уставот тоа треба да сте сигурни и сега кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција условно кажано, но и наскоро од денеска кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Македонија, нема да поддржиме промена на Уставот и на тој начин отворање на вратата за асимилација на македонскиот народ којашто директно значи удар врз македонскиот идентитет“, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, истакна дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и повторно да преговара за сите овие околности коишто сега ценат дека се асимилаторски и се сопирачка за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.
„Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да седне повторно на маса со владата во Софија и повторно да преговара за овие околности коишто ние цениме дека се асимилаторски и се сопирачка за патот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ а не помагаат, да постигнеме еден вистински добрососедски договор којшто навистина ќе ги подобри односите коишто сега се на катастрофално ниско ниво помеѓу двата народа, македонскиот и бугарскиот и помеѓу двете држави Македонија и Бугарија“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

