Спорт
Академија Пандев го потврди партнерството со италијанскиот аматерски клуб Брера
ФК Академија Пандев и официјално го потврди партнерството со италијанскиот аматерски клуб Брера од Милано најавувајќи нова ера во фудбалот, која почнува во Струмица.
„Нови почетоци за нови успеси! Да се биде најдобар, меѓу другото, подразбира и да се биде иновативен, отворен за соработки и подготвен да му се спротивставиш на конвенционалното. На огромно задоволство би сакале да ви го најавиме нашето ново големо партнерство со италијанскиот фудбалски клуб Брера од Милано – почеток на една нова ера во фудбалот преку иновативен и современ пристап кон фудбалското работење и една сосема поинаква и возбудлива приказна!“, се вели во објавата на клубот.
Претходно, основачот на Брера, Алесандро Алеоти, во интервју за „Газета дело спорт“ даде детали за соработката.
„Тука ја продолжуваме нашата уникатна приказна, со која се покажува најдоброто лице на аматерскиот фудбал, од социјалните проекти за фудбал без тензии до потврдување на вредностите. Во текот на годините многу инвеститори беа заинтересирани за да го кренат клубот во професионален ранг, но со ова остануваме верни на солидарниот дух“, изјави Алеоти за соработката со Пандев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Голем пресврт: казната е намалена, Пол Погба на терен веќе во март
Забраните за играње од четири години се намалени на 18 месеци. Вест на денот во европскиот фудбал! Пол Погба се враќа на терените за помалку од половина година.
Имено, првичната четиригодишна забрана за играње фудбал поради позитивен допинг тест, Меѓународниот спортски арбитражен суд ја намали на 18 месеци, пренесува Дејли Мејл.
Тоа значи дека од јануари францускиот играч ќе може да тренира со Јувентус, а од март повторно ќе има право да игра фудбал.
Спорт
Во Барселона ја слават веста што може да ги спаси: во клубот ќе пристигнат речиси една и пол милијарда евра
Барселона ја реши грижата за техничкиот спонзор. Тие потпишаа нов договор со Најк и ќе ја носат својата опрема во следните 10 години, објави Марка.
Конечниот договор треба да се постигне овој месец кога ќе се финализираат завршните финансиски детали. Сепак, познато е дека Најк во тој период треба да и плати на Барселона 1,4 милијарди евра.
💣 Bombazo Nike para el Barça https://t.co/dXFILGWowr Informa @luis_f_rojo
— MARCA (@marca) October 4, 2024
Клубот веднаш по потпишување на договорот ќе добие бонус од 150 милиони евра, а секоја сезона на сметката ќе пристигнуваат по 125 милиони евра.
Оваа финансиска инјекција ќе биде од голема помош за каталонскиот гигант кој со години има проблеми со долговите. Планот на претседателот Џоан Лапорта е да се ослободи од наследените проблеми во следните две години и повторно да почне да гради тим кој ќе биде веднаш до оној кој победуваше низ Европа пред десет години.
Спорт
(Видео) Фудбалер фрли петарда во собата со новинарите
Роберт Алварадо, фудбалерот на Чивас и мексикански репрезентативец направи неверојатна глупост на прес-конференцијата на клубот.
Тој наводно сакал да се пошегува фрлајќи петарда во просторијата каде што биле претставниците на медиумите.
Петардата погоди еден снимател во ногата, што предизвика негодување кај новинарите, кои во знак на протест ја напуштија конференцијата.
Increíble lo que pasó hoy en Chivas, ojalá @Amauryvz tome cartas en el asunto, en casi 15 años que tengo cubriendo al equipo, JAMÁS habíamos pasado esto…!
Eso NO fue una broma, como ellos lo argumentan. Tronaron un “barreno” en la puerta de la sala de prensa con todos dentro. pic.twitter.com/CzsjPl05qk— Karina Herrera 🦮 (@chapis_herrera) October 3, 2024
Приказната набрзо се прошири на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за шегата и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку дека сакал да се пошегува со соиграчите.
По експлозијата на петардата, новинарите ја напуштиле просторијата, но некои подоцна се вратиле да продолжат со договорените активности. Сепак, сите остро ги осудија постапките на играчот.
„Неверојатно е тоа што се случи денеска во Чивас. За речиси 15 години следење на тимот, тоа никогаш не се случило. Не беше шега“, напиша новинарката Карина Херера на Твитер.
На новинарите им се извини и раководството на Чивас, кое моментално е на 10. место на табелата.