Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Арсовска ѝ плати билборди против ВМРО-ДПМНЕ и одби да ѝ побара оставка
Повеќе од јасно е дека основан е сомнежот дека СДС ја „црпна“ Арсовска и ја уцени со кривични пријави за одработува за нивните манипулации и политики, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„ И медиумите и пошироката јавност говори за тајни средби на кои е договорено Арсовска да одработува за СДС. Се говори за готова кривична пријава која седи во фиока за запалено возило на извршната директорка на стопанските комори, како и премолчување на сознанија со која Арсовска се компромитира за пречистителната станица.
По таквите тајни средби Данела Арсовска е на чело на клептоманската ново формирана коалиција каде ссе обединети иценети политичари кои мора да одработуваат за СДС. Главната задача на Арсовска е да работи за скопјани, каде граѓаните очекуваат проекти и работа“ додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

