Спорт
Шпанија ги обедини титулите: Светскиот првак стави и европска круна
Кошаркарската репрезентација на Шпанија ја совлада Франција со 88:76 во финалето на Евробаскет и ги обедини двете титули. Светскиот првак ја освои четвртата европска круна иако селекторот Серџо Скариоло имаше неверојатно променет состав во однос на последното натпреварување. Се чини дека клучен момент е ангажманот на натурализираниот Американец Лоренцо Браун, кој одлично ја предводеше „црвената фурија“ од плејмејкерската позиција во текот на целиот турнир.
Шпанија одлично го отвори финалето во Берлин, првиот период го доби со 23:14, имаше и 19 поени предност, но на одмор замина со десет поени позитива (47:37). Неверојатен беше Хуанчо Хернангомез, кој погоди дури пет тројки во првиот дел.
Французите се обидоа да намалат, стигнаа до „минус три“, но потоа Лоренцо Браун повторно пронајде неколку решенија за Шпанија да ја врати двоцифрената предност.
На крајот, Шпанците славеа со 88:76 и ги обединија светската и европската кошаркарска титула.
Хуанчо Хернангомез постигна 27 поени, Лоренцо Браун имаше 14 поени и 11 асистенции во редовите на новиот европски шампион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Енкунку се договорил со Баерн, чека дозвола од Челси да го напушти клубот
Кристофер Енкунку реши во овој преоден рок да го напушти Челси. Францускиот репрезентативец нема по добро да се сеќаваа на ангажманот во Лондон. Имаше проблеми со повредите, а кога се рехабилитираше од повредите, предност во нападот кај Енцо Мареска има Николас Џексон.
Според бројни извори, Французинот ги договорил лични услови и чека дозвола од клубот за да го реализира трансферот во Баерн Минхен. Според медиумите, Баерн сака да го откупи договорот на Енкунку.
Сепак, Челзи треба да се согласи да го продаде за разумна цена, која засега е непозната.
Напаѓачот во Челзи дојде од Лајпциг, летото 2023 година за 60 милиони евра.
Французинот играше главно во Конференциската лига, како и ФА Купот и Лига купот, постигна 13 гола, но само два од нив во Премиер лигата.
Спорт
Арсенал бара замена за Габриел Жесус
Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото на натпреварот против Манчестер Јунајтед во третото коло од ФА Купот, а британските медиуми објавија дека Бразилецот ги скинал лигаментите.
Жесус го започна дуелот против Манчестер јунајтед, кој Арсенал го загуби по изведувањето пенали, а теренот го напушти на носилки во 42.минута.
Тренерот Микел Артета истакна дека нема официјална потврда, но дека ситуацијата со Ѓесус не е добра и навести дека клубот веќе бара замена за повредениот напаѓач.
„Сега знаеме повеќе… Воопшто не изгледа добро. Треба да провериме со друг специјалист и ќе имаме повеќе информации попладнево. Не сакам да потврдам ништо додека не добиеме конечна дијагноза попладнево. Бевме многу загрижени по натпреварот, а и денес сме многу загрижени“, објасни шпанскиот тренер на прес-конференцијата во вторникот.
Жесус има 27 години и му се приклучи на Арсенал од Манчестер Сити во 2022 година. За Арсенал постигна 26 гола на 96 натпревари.
Арсеналј во среда од 21 часот му гостува на Тотенхем, нивниот најголем ривал во дербито на северен Лондон.
Спорт
Си ги оперирал гениталиите, објави фотографии на интернет, па доби отказ од Лацио
Лацио го отпушти Хуан Бернабеу, Шпанецот кој беше работеше и се грижеше за клупската маскота, орелот Олимпија.
Причината е бизарна, бидејќи Бернабеу на социјалните мрежи објави видеа и фотографии од неговите гениталии откако му беше вградена протеза.
„Лацио, шокиран од фотографиите и видеата на г-дин Хуан Бернабеу и изјавите, веднаш ги прекина сите односи со него со оглед на неговото однесување. Клубот е свесен за болката што ќе им ја донесе отсуството на орелот на навивачите на домашните натпревари, но невозможно е нашиот историски симбол да се поврзе со таков поединец“, објави Лацио.
„Операцијата не ме направи порно ѕвезда, имав здравствен проблем. Претседателот на клубот не лут поради фотографиите, тој е и маж“, изјави Бернабеу за „Ла Република“.
Објаснувањето не му помогна на Шпанецот и доби отказ по повеќе од десет години.
Лацио не е првиот клуб со кој соработувал. Од 2003 до 2010 година се грижеше за маскотата на Бенфика, Викторија, а во 2011 година кратко работеше со бугарскиот клуб Лудогорец.