Црна хроника
Убил дедо во Свети Николе за 500 евра
Во Свети Николе, во четвртокот, непознат крадец, при грабеж во стан го убил сопственикот, за да му украде само 500 евра.
Како што соопшти полицијата, во четвртокот во периодот од 13 часот до 18.20 часот во Свети Николе, на ул.„Рахилка Гонева“, во стан, непознат сторител извршил разбојништво над С.К. (91), при што одзел 30.000 денари. Сторителот влегол низ незаклучена врата и со тап предмет физички го нападнал С.К., нанесувајќи му повреди по целото тело. Откако изнудил да каже каде ги чува парите, ги зел и го напуштил местото. Синот на повредениот го пренел С.К., во неконтактибилна состојба, во ЈЗУ-Свети Николе, каде по укажаната помош истиот е пуштен е дома, а ноќеска во 2 часот по полноќ им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.