Спорт
Најдобриот Украинец се сели во Њујорк Никс
Украинскиот кошаркар Свјатослав Михаљук кариерата ќе ја продолжи во екипата на Њујорк Никс.
Свјатослав Михаљук ја предводеше Украина до осмина-финалето, каде што беа елиминирани од Полска, која на крајот го освои четвртото место.
„Одличниот стрелец, поранешен студент на Универзитетот ‘Ју-си-ел-еј’, тој ќе стане нов член на Њујорк Никс“, пренесува Шамс Чаранија.
Михаљук минатата сезона настапуваше за Торонто Репторс, но пред почетокот на Европското првенство доби отказ и стана слободен играч.
Тој има просек од 6,6 поени, 1,8 скока и 1,4 асистенции во 220 натпревари во НБА-кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Монфис стана најстариот шампион на АТП турот во историјата
Гаел Монфис испиша историја на турнирот во Окленд, стана најстариот шампион од 1990 година кога е основан АТП тур. Французинот со 38 години и четири месеци го собори рекордот на Роџер Федерер од Базел 2019 година, тогаш Швајцарецот триумфираше на возраст од 38 години и два месеци.
„Многу ми значи овој триумф“, рече Монфис по победата над Белгиецот Зизу Бергс со 6:3, 6:3 и дополни.
„Годините се само бројка. Продолжувам да работам, да верувам дека можам да играм квалитетен тенис и тоа го покажав оваа недела. Многу сум среќен“.
Еден од најхаризматичните тенисери сега има 13 трофеи во кариерата. Инаку првиот трофеј во кариерата, Монфис го освои во далечната 2005 година во Сопот, Полска.
Спорт
Синер во април ќе се појави пред судот во Лозана
Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер, ќе се појави пред Судот за спортска арбитража (CAS) во април. Овој суд ќе одлучува по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која бара да биде суспендиран на најмалку еден година за допинг.
Судот од Лозана објави дека сослушувањето ќе се одржи зад затворени врати за 16 и 17 април.
Се очекува пресудата да биде изречена по забрзана постапка, пред почетокот на Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај.
ВАДА ја оспорува минатогодишната одлука на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот, која одлучи да не го суспендира Синер, наведувајќи дека ненамерно (случајно) се контаминацирал со забранети супстанции.
Агенцијата го прифати објаснувањето на Синер дека трагите од клостебол во неговиот допинг примерок ги предизвикал физиотарапевтот на тенисерот кој ја користел супстанцијата за време на масажа.
Спорт
(Видео) Јокиќ се врати и со Вестбрук испишаа историја
Денвер го совлада Бруклин со 124:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук испишаа историја во НАБ лигата.
Јокиќ се врати во тимот на Денвер, откако поради болест пропушти два натпревари. Натпреварот го заврши со 15. трипл-дабл сезонава. Актуелниот МВП имаше 35 поени, 12 скока и 15 асистенции.
Двоцифрен во три статистички категории беше и ветеранот Вестбрук (25 поени, 11 скока и 10 асистенции).
Ова дуо по трипл-дабл забележа и пред новогодишната ноќ во Солт Лејк Сити кога Денвер ја победи Јута Џез со 132:121. Против Бруклин станаа првиот тандем соиграчи што забележал трипл-дабл на два натпревари во иста сезона.
NIKOLA JOKIC AND RUSSELL WESTBROOK ARE JUST THE 2ND TEAMMATES IN NBA HISTORY TO RECORD A TRIPLE-DOUBLE IN THE SAME GAME MULTIPLE TIMES 🔥 pic.twitter.com/sD2OYN2L52
— SpunkCenter (@SpunkCenter) January 11, 2025
Мајкл Портер Јуниор го постигна 17 поени, Џулијан Стротер додаде 12, а Кристијан Браун постигна 11 поени.
Кион Џонсон го предводеше Бруклин со 22 поени, Тајрис Мартин постигна 17, Ноа Клуни 15, а заборавениот Бен Симонс имаше десет поени и седум асистенции.
Резултати:
Индијана – Голден Стејт 108:96
Орландо – Милвоки 106:109
Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123
Бостон – Сакраменто 97:114
Њујорк – Оклахома 101:126
Чикаго – Вашингтон 138:105
Денвер – Бруклин 124:105