Спорт
Потресно сведоштво на Погба: Ме киднапираа, па ги вперија пиштолите во мене
Сабота, 19 март 2022 година, од обичен се претвори во најлошиот ден во животот на фудбалската ѕвезда Пол Погба. Во вечерните часови членови на криминална група, во која бил и брат му Матијас, со смртни закани се обиделе да изнудат 13 милиони евра. Париската полиција пред неколку дена го уапси и приведе Матијас Погба заедно со уште четворица членови на бандата, а сега во медиумите излегуваат детали од сведочењето на ѕвездата на Јувентус.
Нив ги објави „Ле Монд“, кој пишува дека обидот за изнуда се случил за време на собир на француската репрезентација во Клерфонтен-ан-Ивелин. Погба потоа се нашол со пријател од детството во блискиот град, а кога се враќал во хотелот околу полноќ, бил пресретнат од тројца мажи, негови роднини, и одведен во стан во Шантел-ан-Бри.
„Таму првин ме принудија да го исклучам мобилниот телефон, а потоа ми го одзедоа. Тогаш се појавија двајца мажи со качулки, носеа панцири и беа тешко вооружени. Еден од нив, Рушдан К., ми рече дека треба да му платам 13 милиони евра, од кои три милиони веднаш во кеш, ако сакам да ми обезбедат заштита во следните години“, им рекол Погба на истражителите на Централната канцеларија за борба против организираниот криминал.
Тој дополнил дека во тие моменти се плашел за својот живот.
„Двајцата ги вперија пиштолите кон мене. Соочен со заканата, им реков дека ќе платам“.
Претходно. беше соопштено дека напаѓачите биле вооружени и со автоматски пушки. Адвокатот на Матијас Погба изјави дека нејзиниот клиент е невин и дека ќе се жали на одлуката за притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хет-трик на Гризман за место во ЛШ, пресврт на Селта за опстанок во Примера
Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гости кај градскиот ривал Хетафе, додека Селта како домаќин во Виго забележа победа над Атлетик Билбао во натпреварите од 36. коло на шпанската Примера.
Тимот на Чоло Симеоне го победи Хетафе со 3:0 Хет-трик постигна Антоан Гризман.
Со овие три бода мадридските црвено-бели го потврдија четвртото место и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Тоа стана јасно и математички бидејќи во исто време Атлетик Билбао беше поразен во Виго од Селта со 2:1.
Баскијците поведоа преку Алекс Беренгер во 23. минута, но светло сините го свртеа резултатот во вториот дел. Јунак на победата беше 20-годишниот Уго Алварез. Тој влезе во игра во паузата меѓу двете полувремиња и најпрво му асистираше на Швеѓанецот Вилиот Сведберг за израмнување во 68.минута, а три минути подцна постигна убав гол за 2:1.
Селта сега има пет бода повеќе од Кадиз, кој се наоѓа на 18.место на табелата.
Спорт
(Видео) Челзи на чекор до Лига Европа, Јунајтед подобар од Њукасл
Фудбалерите на Челзи направија значаен чекор кон Лига Европа со победата од 2:1 (1:0) во Брајтон, додека Манчестер Јунајтед на домашен терен го победи Њукасл со 3:2 (1:0).
Со нови три бода, избраниците на Маурисио Покетино ја задржаа предноста од три бода пред Њукасл и Манчестер Јунајтед.
На југот на Англија, Челзи поведе со голот на Кол Палмер во 34. минута, за Кристијан Нкунку во 64. да зголеми на 0:2.
Рис Џејмс заработи црвен картон во 88. минута, а Челзи до крајот играше со десет играчи, а во осмата минута од судиското надополнување, Дени Велбек успеа само да го ублажи поразот на Брајтон.
Многу возбудувања имаше на „Олд Трафорд“, на крајот славеше домаќинот.
Во 31. минута Коби Мајну погоди за водство на Манчестер Јунајтед, а Арон Гордон по брз контранапад во 48. минута успеа да израмни на 1:1.
Во 57. минута Амад Диало со одличен удар од далечина зголеми на 2:1, а потоа Ерик тен Хаг направи три измени пред крајот на натпреварот.
Тој во 83. минута ги внесе Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Лисандро Мартинез, а само минута подоцна беше постигнат третиот гол за домашните.
Хојлунд, го постигна 15. гол во сезоната.
Во судиското надополнување, Луис Хол во 92. минута намали на 3:2, но не можеше целосно да го избегне поразот.
Во последното коло Њукасл гостува кај Брентфорд, Манчестер Јунајтед кај Брајтон, додека Челзи го пречекува тимот на Бурнмут.
Спорт
(Видео) Рајо обезбеди опстанок, Димитриевски стана клупска легенда
Фудбалерите на Рајо Ваљекано на две кола до крајот на сезоната обездени опстанок во шпанската Примера.
Рајо во 37.коло ја победи Гранада со 2:1 и покрај тоа што од петтата минута играше со фудбалер помалку. Трехо доби црвен картон.
Лежен погоди за домашните во 23.минута, а во 80. предноста ја зголеми Де Фрутос. Почесниот гол за Гранада го постигна Боје во претпоследната минута.
На оовј натпревар македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски влезе во историјата на рајо Ваљекано. Тој го одигра 190. натпревар и стана голман со најмногу натпревари во клупската историја.