Македонија
Грковска – Симовски: Податоците од пописот се важни, даваат основа за креирање на добри и одржливи политики за населението
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
На средбата се разговараше за пописот на населението, којшто беше спроведен во нашата земја и важноста на податоците кои произлегоа од оваа статистичка операција при креирање на добри и одржливи политики за населението.
Грковска потенцираше дека пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при креирање на националните стратегии. Нагласи дека пописот, како статистичка операција, дава увид во состојбата на теренот, обезбедува релевантни податоци врз основа на кои се дефинираат понатамошните политики, со кои ќе се постигне и рамномерен регионален развој.
Во таа насока и Симовски нагласи дека податоците од пописот се важни за сите нивоа на власта, затоа што тој е сеопфатен и дава најреална основа за планирање на идниот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен
Сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Македонија
Јаневска – Рокас: соработката со Европската унија е од суштинско значење за реализација на планираните образовни промени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската унија, Михалис Рокас.
Посакувајќи му успешен мандат, Јаневска се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на ЕУ во процесот на реформирање на националниот образовен систем.
На средбата, таа ги претстави тековните активности и планот за поквалитетно образование на сите нивоа.
„Стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен стимул и значаен фактор на кохезија за македонските граѓани, кои пак, од нас како Влада очекуваат современо и модерно образование. Истрајни сме во определбата да ги реализираме промените кои ги претставивме на почетокот на нашиот мандат. Оптимизам и решителност постои, а соработката со Европската унија е од суштинско значење за остварување на зацртаната цел, рече Јаневска на средбата.
Евроамбасадорот укажа на подготвеноста на ЕУ и понатаму да биде посветен партнер на државата во градењето современ образовен систем, кој ќе образува европски граѓани.