Црна хроника
Момчето ослободено, киднаперите во бегство
Киднапираното деветгодишно момче е ослободено синоќа, а во бегство се двајцата осомничени
Според полициски сознанија А.Б. (19) од селото Тисовица и А.С. (19) од Скопје, вчера попладне го грабнале деветгодишниот син на Етеми. Полицијата извршила претрес на нивните домови, но не успеале да ги уапсат. Двајцата киднапери веќе побегнале. Министерството за внатрешни работи распиша интерна потерница по нив, а најави и кривична пријава. Мотивите за грабнувањето се уште се истражуваат од МВР. Киднапираното дете е син на Фатмир Етеми, угледен и богат човек, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на општина Чаир од редовите на Нова Демократија. “Се уште се истражува и мотивот на грабнувањето, иако според првичните претпоставки станува збор за изнуда на пари со оглед на тоа што таткото на грабнатото дете добил еден заканувачки повик за да подготви пари, а дополнителни насоки, како што било најавено требало да му бидат дадени денеска“, велат од МВР.Осомничените веќе неколку пати биле приведувани, но само за поситни криминални дела. Деветгодишното момче беше киднапирано, вчера попладне околу 16,30 часот, во близина на паркот во Чаир додека заедно со негов другар се возеле со велосипеди. Киднаперите им попречиле го патот со бел автомобил од марката “фиат браво“ со скопски регистрации, а потоа на сила го ставиле детето во автомобилот. Со голема брзина побегнале кон скопската населба Бутел. По пријавата за киднапирањето, во полицијата биле повикани повеќе лица за кои постоеле сомневања дека имаат информации кои ќе помогнат во пронаоѓање на киднапираното момче. Околу 21,30 часот, киднаперите го ослободиле деветгодишниот син на Етеми на раскрсницата на улицата Босна и Херцеговина и улицата Словенија. Момчето и раскажало на полицијата дека киднаперите го однеле во напуштена куќа во Визбегово, каде под кирија живеел еден од грабнувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

