Македонија
МОН: Одржана тркалезна маса на лидери во рамки на третиот ден од Самитот на ОН
На третиот ден од Самитот на Обединетите Нации за трансформација на образованието кој се одржа во Њујорк, САД, се организира тркалезна маса на лидери, на која шефовите на држави и влади дискутира и ги искажаа националните визии, идеи и заложби за подобрување на квалитетот на образованието во пост-пандемискиот период.
Покрај министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на тркалезната маса присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од МОН.
Премиерот во својот говор се осврна на заложбите на Република Македонија, но и на конкретните чекори преземени во насока на трансформација на образованието на државно ниво, со цел да се обезбеди квалитетно и достапно образование за сите.
Како резултат на националните консултации за тоа како треба да изгледа образованието во државата во иднина, МОН со поддршка на УНИЦЕФ спроведе повеќе чекори.
Надлежните институции и во следниот период продолжуваат да со заложбите кон брзо закрепнување на образовниот систем од последиците на пандемијата со Ковид-19 и намалување на пропустите во учењето настанати во периодот кога воспитно – образовниот процес се организираше во вонредни околности.
Еден од приоритетите на МОН и на Владата е градење на инклузивно предучилишно и училишно образование кое ќе ги опфати сите деца, вклучително и оние кои потекнуваат од ранливи категории и семејства, кои мора да стекнат основни вештини за учење за да го остварат својот целосен потенцијал.
Училишната средина мора да биде мирна и хармонична, да се почитуваат различностите, да се стимулираат достигнувањата на учениците и да се води грижа за нивното ментално здравје.
Фокусот на образовните политики ќе биде насочен и кон изработка на нови материјали за настава и учење кои ќе бидат достапни и во дигитален формат, инвестиции во развој и примена на нови дигитални алатки, односно инвестиции во подобрувањето на дигиталната инфраструктура на сите училишта, како и грижа за професионален развој на наставниците, особено преку јакнење на дигиталните компетенции.
Акцент е ставен и на обезбедувањето можности за доживотно учење, преквалификација и доквалификација.
Владата и МОН ќе се заложат за воспоставување на нова финансиска рамка за постепено зголемување на средствата за основно и средно образование за општините до 35 проценти, како и за оптимизирање на училишната мрежа за да можат сите училишта да обезбедат квалитетно образование согласно националните образовни стандарди, појаснуваат од МОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

