Македонија
(Видео) Ковачевски во ОН: Инвестираме во квалитетно и достапно образование за секое дете

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, учествуваше и говореше на самитот за трансформација на образованието во рамките на 77. Генерално собрание на ООН во Њујорк. На дебатата на самитот, кој го отвори генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, и учествуваа над 90 шефови на држави и премиери, се дебатира за националните цели на земјите за унапредување на образованието.
„Кога и да зборувам за важноста на образованието, се потсетувам на констатацијата дека ‘образованието е она што останува откако ќе се заборави наученото во училиште’“.
Би рекол дека денес ова е мошне важно, особено затоа што генералниот секретар Гутереш постојано потенцира дека исходот од доброто образование во 21 век значи: учење за да се научи, учење да се живее заедно, учење да се прави, учење да се биде. Јас се согласувам со ова и ги поддржувам таквите резултати од образованието.
Навистина верувам дека образованието не се само оние лекции што се учат на училиште, туку, всушност, се вредностите што му се предаваат на еден млад ученик или студент. Прв ќе го препознаам факторот и ќе се согласам дека во мојата земја, Северна Македонија, сè уште имаме долг пат до нивото на квалитет на образованието со кое јас би бил задоволен. Точно е дека трансформацијата на мојата земја во формална земја членка на ЕУ лежи, прво, во нашата способност убаво да се погледнеме себеси, да ги видиме нашите недостатоци и да се сфатиме дека нашата иднина зависи од нас, од она што го правиме, од она што можеме да го постигнеме со нашите две раце. Поради тоа, ние сме посветени на создавање услови и средина што ќе им овозможи на нашите ученици и студенти да напредуваат и да ги постигнат своите потенцијали.
Учењето за да се научи, всушност, значи стекнување писменост, но и развивање критичко размислување и вештини за анализа, истражување, носење одлуки, а со тоа и развивање на потенцијалите на нашите идни лекари, научници, градители, идни лидери, на кои ќе се потпира нашиот свет.
Само луѓето што имаат способност и капацитет да размислуваат критички може да бидат доволно храбри да ги одбранат правото и правдата и да ги добијат своите битки користејќи аргументи, а не насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.