Свет
Извршен директор на компанија за веганска храна му го одгризал носот на маж при расправија
Извршниот директор на Beyond Meat е уапсен поради наводно одгризување на носот на маж за време на расправија, јавува Би-би-си.
Даглас Ремзи (53) се соочува со обвиненија за терористички закани и злоупотреба. Тој беше ослободен кога плати кауција од 11.085 долари.
Инцидентот се случил во саботата вечерта додека тој излегувал од гаража во Фајетвил, Арканзас, по фудбалски натпревар, соопшти локалната телевизија.
Тој во кавга со друг возач го гризнал човекот одгризувајќи му го врвот на носот, според американска телевизија KNWA/KFTA.
Ремзи работел во месната индустрија 30 години пред да се приклучи на Beyond Meat како извршен директор минатиот декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“
Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски.
„На денот на сеќавањето и победата над нацизмот во Втората светска војна, нацистичкиот Путин изврши масовен ракетен напад врз Украина. Повеќе од 50 проектили и повеќе од 20 беспилотни летала Шахед беа истрелани врз инфраструктурата во Лавов, Виница, Киев, Полтава, Кировохрад, Запорожје и Ивано-Франковск“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на X.
„Сите служби за итни случаи излегоа на терен и веќе работат на ублажување на последиците од рускиот терор. Цел свет мора да разбере кој е кој. Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“, порача Зеленски.
Руските воздушни напади утринава првенствено беа насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја, соопштија украинските воени и енергетски претставници.
„Уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, објави на својот канал „Телеграм“ украинскиот министер за енергија Херман Халушенко.
Целите беа објекти за производство и пренос на електрична енергија во регионите Полтава, Кировоград, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск и Виница, додаде тој. Освен регионот Запорожје, сите останати се далеку од линијата на фронтот, која минува низ источниот и југоисточниот дел на Украина.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.