Македонија
СДСМ: Ковачки не само што ја напуштил АРМ, туку има и кривична пријава против него
„Фатени со рацете во медот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нервозно објавуваат лаги и манипулации за претседателот Ковачевски. Колку е очаен шпицниот градоначалник Мицкоски, покажува примерот со Драган Ковачки“, реагираат од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот Драган Ковачки поврзана со македонскиот премиер.
„Прво, единствен воен дезертер на политичката сцена е Драган Ковачки. Ковачки беше полковник во АРМ, но политички дезертира и ја напушти Армијата за да му слугува на Мицкоски како пратеник. Дополнително, јавноста треба да знае дека против Драган Ковачки има и кривична пријава за фалсификување исправа“, велат од СДСМ.
Од партијата соопштуваат дека „кривичната против Ковачки е поднесена до судот во Делчево од страна на СВР Делчево, неговиот роден град“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен ќе биде јавниот градски превоз денес по 18 часот
ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, кое денеска (сабота, 5 октомври 2024) ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 часот од 2:00 по полноќ превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
Македонија
Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје
Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С., информира МВР.
Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.
„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.
Македонија
Поплави во Тетово, над 20 повици за помош добиле пожарникарите
Над 20 повици добиле ноќеска пожарникарите од Тетово за интервенци и испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи.
Силниот и интензивен дожд што вчера попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција. Пожарникарите во текот на вчерашниот ден извлекуваа и неколку возила кои заглавиле кај поплавените подвозници.
Пред две недели, на 20 септември, силен дожд предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица.