Црна хроника
Три лица тешко повредени, меѓу нив и малолетничка, во сообраќајна несреќа кај Петровец
Утровом во 4.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека нa автопатот Пријателство, пред исклучувањето за Меѓународниот аеродром „Скопје“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ровер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М. М. (62) од Прилеп, и патничко возило „фиат браво“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Г. (66) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатниците од возилото „фиат браво“, А. Д. (61), В. Б. (39) и уште една малолетничка, сите од Скопје, констатирани во комлексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина кумановец, паднал и со главата удрил во земјената површина пред стадионот на ФК „Башкими“
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.
Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.
Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
86-годишен пешак прегазен во Тетовско
Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Јажинце, во с.Порој, патничко возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судриле мотоцикл и автомобил, мотоциклистот со тешки повреди пренесен на клиника
Вчера околу 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Милетино, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.