Спорт
„Сан Сиро“ („Џузепе Меаца“) ќе замине во историјата

Градските ривали од Милано, Интер и Милан постигнале договор за изградбата на новиот стадион. Новиот дом на фудбалските великани ќе никне на местото каде што сега се наоѓа легендарниот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“.
На овој култен стадион, кој во својата седумдесетгодишна историја веќе помина неколку реконструкции, се одиграа дури четири финалиња на Европските првенства.
Кон крајот на минатата година беше постигнат договорот „Катадрала“, како што ќе биде името на новиот стадион.
Планот е целосно да се урне „Сан Сиро“ и на тоа место да се изгради нов, помодерен стадион со намален капацитет. Наместо сегашните 75.000, „Катедралата“ ќе може да прими 60.000 навивачи.
Во моментот се добиваат сите потребни административни дозволи за почеток на работите, а новиот стадион би бил готов во 2027 година. Трошоците за целиот проект се проценети на 650 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Галатасарај го купи голманот на Трабзон за 33 милиони евра

Сензационална вест од Турција. Шампионот Галатасарај го доведе репрезентативниот голман Угурџан Чакир од Трабзонспор за 33 милиони евра.
Галатасарај го сакаше светскиот шампион Аргентинецот Емилијано Мартинез од Астон Вила и не успеаја да го добијат. Го сакаа и Бразилецот Едерсон од Манчестер сити, него пред нос им го „украде“ градскиот ривал Фенербахче.
Кога извисија за Мартинес и Едерсон, челниците на Галатасарај се налутија и го отворија кесето за моментално најдобриот турски голман и репрезентативец, Угурџан Чакир. Тие му платија на Трабзонспор неверојатни 33 милиони евра за неговиот трансфер!
Галатасарај ја потврди оваа бројка на официјалната веб-страница, вкупно 27 милиони евра плус остатокот во бонуси.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Големо засилување за Црвена звезда – Хандел пристигна на „Маракана“

Португалскиот фудбалер Томаш Хандел е нов играч на Црвена звезда. Преодниот рок во Србија трае до 15 септември, а вечерва на полноќ истекува рокот на УЕФА за пријавување на играчите со кои клубовите ќе настапат во Лига Европа.
Овој 24-годишен дефанзивен играч од редот за врска во Белград дојде од Виторија Гимараеш во трансфер вреден три и пол милиони евра, како што објавија медиумите.
Црвено-белите го потврдија доаѓањето на Португалецот на „Маракана“ со објава на социјалните мрежи („Жога Бонито“).
Според „Трансфермаркт“ вредноста на капитенот на Гимараеш изнесува 13 милиони евра. Во минатото Милан и Порто беа заинтересирани за Хандел, а во преодниот рок тој не сакаше да се пресели во ЦСКА Москва.
Тој имаше договор со португалскиот тим до 2029 година и клаузула за откуп од 50 милиони евра.
Хандел одигра 118 натпревари за Гимараеш и постигна шест гола.
Foto/ FK Crvena zvezda
Спорт
Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос.
На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на пет светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос.
Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа побарал да се промени една ставка во договорот (не е наведено конкретно која), потоа ја напуштил канцеларијата и заминал на кафе.
И не се вратил. Телефонските повици на претседателот на Бургос биле залудни.
Така, во последен момент, тој остана без клуб во кој имаше план да се бори за местото меѓу стативите и на тој начин да се наметне кај селекторот на „сомбреросите“ за претстојното Светско првенство – што би бил неговиот рекорден шести во кариерата.
Бургос, во меѓувреме, имале подготвен „план Б“ по ненадејното заминување на Очоа. Раководството на клубот реагираше брзо и го ангажираше Хесус Руиз, Каталонец, кој беше слободен на пазарот откако го напушти Расинг Ферол
Foto/ EPA