Спорт
Лестер го пикирале менаџерот на Селтик
Брендан Роџерс се соочува со отказ. Тој ја има најслабата сезона со Лестер, неговиот тим во првите седум кола во Премиер лигата освои само еден бод.
Роџерс во Лестер пристигна во 2019 година, успеа да ги имплементира своите идеји, неговиот тим играше атрактивен и ефикасен фудбал. „Лисиците“ завршуваа во горниот дел од табелата.
Оваа сезона многу работи не одат како што посакува Роџерс. Тимот постигнува голови, но уште повеќе прима.
Поранешниот тренер на Ливерпул е под голем притисок, големи се шансите да не ја „преживее“ репрезентативната пауза.
Се споменуваше како негов наследник Томас Франк од Брентфорд, но денеска англиските медиуми пренесуваат дека Анге Постекоглу е првиот пик на челниците на Лестер.
Австралиецот со грчко потекло успешно го води Селтик, шкотскиот клуб моментално е прв во Шкотска. Тој има договор до крајот на следната сезона, а прашање е дали ќе ја прифати понудата од „Кинг Пауер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фјури замина во пензија
Легендарниот боксерски шампион Тајсон Фјури, познат по прекарот „Кралот на Циганите“, објави дека се повлекува од професионалниот бокс.
Фјури ја сподели оваа одлука со своите следбеници на Инстаграм, неколку недели по поразот од Олександр Усик, во борба која предизвика големи контроверзии.
Фјури не беше задоволен од исходот на мечот против Украинецот и тврдеше дека судиите го уништиле. Сега реши да е време да стави точка на својата богата кариера.
„Би сакал да го објавам моето повлекување од боксот. Бев благословен и ја сакав секоја минута од него. Време е да заврши ова. Дик Турпин носеше маска. Бог да ве благослови, да се видиме од другата страна”, рече Фјури.
Дик Турпин, познат како друмски разбојникот, беше симбол на измама и кражба, што многумина го толкуваат како директна критика на Фјури кон судиите од последната борба.
Фјури остави неизбришлива трага и стана еден од најомилените, но сепак најконтроверзни борци во историјата на тешката категорија.
Од неговите 37 професионални борби, тој победи на 34, од кои 24 со нокаут. Тој има и два порази на своето име, како и незаборавно реми со Дионтеј Вајлдер.
Фјури стана шампион во тешка категорија во 2015 година, откако го победи Владимир Кличко, ставајќи крај на долгогодишната доминацјија на славниот Украинец.
Успешно ги држеше појасите до првата борба со Олександр Усик, кој го победи, а потоа во реваншот ги одбрани титулите.
Спорт
„Повеќе од гол” – Mozzart донира по 5000 денари за секој гол на македонските ракометари на СП 2025
Со голема хуманитарна акција „Повеќе од гол”, лидерот во приредување игри на среќа ја започнува новата година. Mozzart повторно внесува хуманитарна нота на светското првенство во ракомет. Македонските ракометари во среда го играат првиот натпревар, а за секој нивен погодок ќе бидат донирани по 5.000 денари во хуманитарни цели. Промотер на хуманитарната акција на Mozzart ќе биде капитенот на македонската репрезентација, Филип Кузмановски кој без двоумење се согласи да биде дел од оваа убава приказна, за која вели дека ќе биде голем мотив да се постигнат што повеќе голови.
„ Ми преставува вистинско задоволство да бидам дел од оваа хуманитарна акција на Mozzart. Драго ми е што заедно ќе имаме можност да помогнеме онаму каде тоа е најпотребно. Кога станува збор за вакви и слични акции, секогаш сум тука да помогнам и да бидам дел од истите. Ќе дадеме се од себе да постигнеме повеќе голови и да собереме убава сума која потоа заедно со Mozzart ќе ја донираме во хуманитарни цели”, изјави Филип Кузмановски
Светското првенство во ракомет за мажи ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка од 14 јануари до 2 февруари 2025 година.
„ Повеќе од гол веќе станува традиционална акција. Тргнувајќи од фактот дека ракометот е еден од најпопуларните спортови во Македонија, компанијата одлучи повторно да ги мотивира ракометарите да постигнат што повеќе голови и да ги тресат противничките мрежи. За секој погодок на македонската репрезентација, Mozzart ќе донира по 5000 денари кои ќе бидаат наменети за хуманитарни цели. Им посакуваме многу среќа на нашите ракометари, а нам ни останува да ги бодриме, заедно да се радуваме на секој нивни погодок кој ќе го зголемува хуманитарниот фонд”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Првиот натпревар на македонската репрезентација ќе биде против Унгарија на 15 јануари, два дена подоцна на 17 јануари ќе следува натпревар со Холандија, а на 19 јануари нашите ракометари силите ќе ги одмерат со Гвинеја.
ПР текст
Спорт
Милан ќе испрати понуда за Рашфорд
Фудбалскиот клуб Милан ќе стапи во контакт со Манчестер јунајтед во врска со потписот на напаѓачот на англискиот клуб Маркус Рашфорд.
Милан е заинтересиран и за дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер, но бидејќи секој клуб во Серија А смее да регистрира само по еден англиски играч, приорите за клубот е Рашфорд, објави „Скај спорт Италија“.
За Рашфорд е заинтересирана и Борусија Дортмунд, но проблем за германскиот клуб е платата на фудбалерот на Манчестер јунајтед.
Рашфорд ги пропушти претходните седум натпревари на Јунајтед, а тренерот на клубот од Манчестер, Рубен Аморим изјави дека не знае дали англискиот напаѓач и во иднина ќе биде дел од тимот.
Рашфорд (27) од почетокот на кариерата е дел од Манчестер јунајтед има одиграно 426 натпревари и постигнато 138 голови.