Забава
Скопскиот моден фестивал од 3 ноември во „Скопје сити мол“
Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала-вечери и ексклузивен изложбен салон за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство.
Can you feel the light? e слоганот под кој на почетокот од ноември ќе почне второто издание на Скопскиот моден фестивал, забавна манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар „Скопје сити мол“, каде што во рамките на десетдневната програма посетителите ќе имаат единствена можност премиерно да ги видат последните модни колекции на низа млади и етаблирани дизајнери од земјата и странство, македонски и интернационални брендови, како и престижни школи.
![]()
Скопскиот моден фестивал свечено ќе се отвори со гала-коктел и музички спектакл.
Првите три вечери се резервирани за модни ревии и перформанси, кои се закажани на 3.11 (четврток), 4.11 (петок) и 5.11 (сабота). Два дена подоцна, на 7.11 (понеделник), вниманието се сели во ексклузивниот изложбен салон на првиот кат во трговскиот центар, каде што одблиску ќе може да се погледнат, изберат или нарачаат оригиналните креации на фестивалските учесници. Надвор од официјалниот дел свое претставување пред присутните ќе имаат и реномирани артисти.
„Она што стихиски бликна како искра надеж на модната сцена минатата пролет, овој пат се снопови светлина, кои во ноевмри ќе блеснат во полн спектар пред гостите на фестивалот. Впрочем, тоа беше и ни останува мисијата нам како организатори во соработка со „Скопје сити мол“. Да направиме вистинска прослава на модата и уметноста во градот доближувајќи ги нејзините создавачи до што поголема бројка на публика. Шоуто мора да продолжи“, истакнува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.
![]()
Заштитнo лицe на втората сезона e актерката Миа Жиро, на која ѝ беше доверена главната улога во најавното видео за фестивалот, снимено под режисерска палка на Ангела Стојковска.
Наменски за пригодата се комбинирани облека и додатоци од македонскиот бренд КТН и познатиот дизајнер Роберт Ивановски. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, за шминката е заслужна визажистката Сашка Мирчевска – Sashions, а фризурата е дело на Стефан Спасовски. Промотивните фотографии ги изработи дуото Frozen Time Drops. Миа Жиро е модел во модната агенција ZOA.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

