Црна хроника
Кавадарчанец ја наведувал на проституција својата малолетна девојка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во текот на последните два месеца, осомничениот ја врбувал и наведувал на проституција својата малолетна девојка, така што преку нејзиниот профил на „Инстаграм“ до кој имал пристап пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица.
Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.
Бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците, надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

