Спорт
Кузманоски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Македонскиот репрезентативец Цветан Кузманоски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер и се обврза на верност до јуни 2025 година.
„Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола“, изјави левото крило на Еурофарм Пелистер и репрезентацијата на Македонија.
Вчера договорот со Еурофарм Пелистер го продолжи и десното крило на тимот, исто така македонски репрезентативец, Ненад Костески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами.
Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела.
Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на титулата. Тој моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 гола, а првиот е Лионел Меси со 50.
Пред неколку недели, Суарез го објави новиот уругвајски клуб што го формираше заедно со Аргентинецот. Гласините сугерираат дека уругвајскиот напаѓач би можел целосно да се посвети на проектот, особено ако се пензионира.
Интер планира да стане поамбициозен во следните неколку месеци, бидејќи Светското клупско првенство покажа дека тимот не не конкурентен против некои од најдобрите тимови во светот.
Клубот е фокусиран Меси, односно да го убеди да остане, а потоа се засили со врвни играчи за да создадат конкурентен тим. Според најновите извештаи, Суарез не е дел од плановите.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Спорт
Фјури ја потврди новата борба со Усик

Британскиот боксер Тајсон Фјури (34-2-1) официјално објави дека на 18 април 2026 година ќе се бори по трет пат против Олександр Усик (23-0).
На овој начин „Кралот на Циганите“ го потврди своето враќање од пензија и најави една од најочекуваните трилогии во историјата во тешка категорија.
Веста ја објави самиот Фјури на Инстаграм, наведувајќи дека борбата ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон. Информацијата набрзо ја потврдија и водечките боксерски медиуми.
Ова соопштение доаѓа само неколку месеци откако Фјури го објави своето пензионирање од професионалниот бокс по втор пат.
Причината за пензионирањето беа два последователни порази против Украинецот, единствените во кариерата на Фјури.
Фјури и Усик прв пат се соочија на 18 мај 2024 година во Ријад, кога Украинецот стана апсолутен шампион во тешка категорија. Претходно тоа му спеа на Ленокс Луис.
Реваншот се случи на 22 декември минатата година, исто така во главниот град на Саудиска Арабија, каде што Усик го бранеше тронот.
Украинецот победи уште поубедливо со едногласна одлука на судиите, потврдувајќи ја својата доминација во тешката категорија.
Во неделите пред потврдата на трилогијата, Фјури во неколку наврати наговестуваше дека е заинтересиран само за борба против Усик, нагласувајќи ја својата желба за фер реванш во Англија.
Foto/ EPA-EFE/ALI HAIDER
Спорт
„Бројот 20 засекогаш ќе биде твој“

Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Двајцата се возеле во автомобил „Ламборџини“ кога им пукнала гумата, во момент кога престигнувале друг автомобил.
Возилото излетало од патот, по што завршило во пламен. Несреќата се случила во раните утрински часови, околу половина час по полноќ.
„Тој дојде во Ливерпул во 2020 година. Носеше број 20. Ја освои својата 20-та титула. Бројот 20 засекогаш ќе биде твој“, е пораката што најчесто ја споделуваат навивачите на Ливерпул на социјалните мрежи.
Сите тие нè потсетуваат на фактот дека само пред десет дена се ожени со Рут, со која има три деца, но и на фактот дека ги одбележа последните денови од својот живот со два големи успеси – освојување на Премиер лигата и Лигата на нации со португалската репрезентација.
Крстијано Роналдо
„Ова нема смисла.
Тукушто бевме заедно во националниот тим. Тукушто се венчаше. Им упатувам најискрено сочувство на семејството, сопругата, на твоите деца, им ја посакувам сета сила на светот.
Знам дека ќе бидете со нив засекогаш.
Почивајте во мир Диого и Андре.
На сите ќе ни недостигате.“
УЕФА
„Во име на целата европска фудбалска заедница, длабоко сме ожалостени од трагичната смрт на Диого Жота, португалскиот репрезентативец и играч на Ливерпул, и неговиот брат Андре.“
Нашите мисли се со нивното семејство, пријатели, соиграчи и сите оние кои се погодени од оваа тажна вест.“
Џејми Карагер
„Скршен сум од веста за Диого Жота и неговиот брат утрово. Моите мисли се со нивното семејство и пријатели, особено со неговата сопруга Рут и нивните три деца.“
ФИФ про
„Длабоко сме погодени од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Нашите мисли се со нивното семејство и најблиските. Почивајте во мир“.
Порто
„Фудбалскиот клуб Порто е во жалост. Со голем шок и тага им испраќаме најискрено сочувство на семејството на Диого Жота и неговиот брат Андре, кој исто така беше член на нашиот клуб во неговите помлади денови. Почивајте во мир“.
Манчестер Сити
„Сите во Манчестер Сити се шокирани и изненадени од тажната вест за смртта на Диого Жота. Нашето најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите и до сите во Фудбалскиот клуб Ливерпул во ова тешко време“.
Почивај во мир Диого“.
Атлетико Мадрид
„Сите ние во Атлетико сме шокирани од смртта на нашиот поранешен играч Диого Жота и неговиот брат. Нашето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите. Нека почиваат во мир“.
Сите европски клубови на овој ден се рекламираат со истата порака… Банфика, Свонси, Евертон, Галатасарај, Бешикташ, Милан, Тотенхем…
Foto/ EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO