Свет
Масовни протести во Иран: „Смрт за диктаторот“
Протестите со молскавична брзина се шират на улиците на иранските градови, каде што илјадници граѓани протестираат поради сомнителната смрт на 22-годишната Махса Амини.
Таа починала во полициски притвор и била приведена поради несоодветно носење хиџаб.
Демонстрантите ги фрлаа своите марами на клада и ги палеа.
„Двајца млади момчиња беа претепани од полицајци во цивилна облека и полицајци од итната помош, а потоа ги одвлекоа во комбе пред влезот на метрото“, изјави еден од очевидците.
„Повредената девојка, која лежеше на тротоарот, е пренесена со брза помош во болница, а уште петмина се уапсени на северната страна на плоштадот Енгелаб“, велат дел од демонстрантите.
На видеата се гледаат демонстранти, кои извикуваат: „Жени, живот, слобода“. Други палат оган, се борат со полицијата или ги симнуваат и палат шамиите и уништуваат плакати на врховниот водач на земјата и скандираат; „Смрт за диктаторот“, според Си-ен-ен.
Последните масовни протести во Иран беа забележани пред три години кога владата ја зголеми цената на бензинот.
Според организацијата за човекови права „Хенгав“, регистрирана во Норвешка, која го следи кршењето на правата во Иран, најмалку пет демонстранти се убиени за време на демонстрациите во курдскиот регион во последните неколку дена. Во другите градови во кои се одржаа протести повредени се уште 74 граѓани.
Според иранските власти, Амини починала кога доживеала срцев удар и паднала во кома по апсењето.
Сепак, нејзиното семејство нагласило дека девојчето немало проблеми со срцето.
Иранските државни медиуми објавија монтирани снимки од безбедносните камери, на кои се гледа како Амини колабира во центар за „ревоспитување, каде што била однесена за да добие насоки како да се облекува.
Иранската морална полиција е дел од агенцијата за спроведување на законот во земјата и има задача да ги спроведува строгите општествени правила на Исламската Република, вклучително и кодекс на облекување, кој бара од жените да носат хиџаб на јавни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

