Спорт
Пандев замина во пензија
Македонската легенда Горан Пандев во интервју за „Газета дело спорт“ изјави дека ја завршил професионалната кариера. 39-годишниот Пандев во фудбалска пензија замина како фудбалер на Парма. Најголем дел од импресивната кариера ја мина во Италија, исклучок е сезоната 2014/2015, која ја мина во Галатасарај. Почна во Беласица, потоа играше во Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и во Џенова.
View this post on Instagram
Пандев има намера да остане во фудбалот, како што вели, како спортски директор или менаџер.
„Се гледам себе си како спортски директор или како менаџер. Сакам да работам со деца, да им помагам, да разговарам со нив, да гледам младински фудбал. И би сакал на сите да им кажам – ви благодарам за сè. На сите навивачи, на претседателите, на тренерите во кариерата. Сите тие ми дадоа нешто и јас ништо од тоа нема да заборавам“, вели Пандев во интервјуто за „Газета дело Ссорт“.
Пандев во кариерата одигра 549 натпревари, постигна 112 гола. Сезоната 2009/2010 е најдобра во неговата кариера. Со Интер ја освои триплета. За Македонија играше две децении, рекордер е според бројот на настапи (122) и постигнати голови (38).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитирјевиќ замина од УНИКС, следна станица Милано
Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопшти рускиот клуб.
Како што соопшти клубот од Казан, 26-годишниот репрезентативец на Македонија е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.
Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано.
Спорт
(Видео) Австрија пресилна за Полска – Прв триумф за Австрија, втор пораз за Полска на ЕП
Австрија ја победи Полска со 3:1, во Д групата на Европското првенство во Германија. Австријците со оваа победа се доближија до осминафиналето, додека на Полска ќе и треба чудо во последното коло за да избори место во нокаут фазата.
Австрија во овој момент е посилна селекција од Полска и тоа го покажа на терент на Олимпискиот стадион во Берлин.
Траунер го постигна првиот гол во деветтата минута, но Полјаците успеаја да изедначат преку Пјонтек по половина час игра.
Конечниот удар Австријците го зададоа во втората половина од второто полувреме. Баумгартнер во 66.минута со гол ја заврши одличната тимска акција,а 12 минути подоцна Сабицер избори пенал. Сигурен реализитор беше Арнаутовиќ.
Во последното коло Австрија ќе игра против Холандија, а Полска против Франција.
Спорт
Легендарниот фудбалер Фалкао има нов клуб
Иако е во доцните играчки години, Радамел Фалкао не планира да застане.
Откако му истече договорот со Рајо Валјекано, се огласи и неговиот нов клуб.
Тоа е – Милионариос.
И сето тоа 23 години откако го напушти овој клуб како 15-годишник.
Фалкао зад себе има импресивна кариера, играше за Ривер, Порто, Атлетико Мадрид, Монако, Манчестер Јунајтед, Челзи, Галатасарај и Рајо.
За Колумбија, за која уште настапува, одигра 104 натпревари и постигна 36 голови.