Спорт
Мбапе ја попуштил шансата, никогаш нема да заигра за Реал

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја пропушти шансата да игра за Реал Мадрид ова лето и затоа тој клуб никогаш нема да се врати по него, уверува „Ел Дебате“.
Еден од најстарите шпански весници со седиште во Мадрид пишуваше за тоа како Килијан Мбапе ги потрошил сите кредити што ги имал кај првиот човек на Реал, Флорентино Перез, ова лето и дека Реал нема да ја наведне главата за да го доведе во иднина.
„Мбапе никогаш нема да игра во белиот дрес. Пред неговиот дом помина најдобриот воз на светот, а тој го пропушти. Тој вети дека ќе се качи во возот, кој застана на неговата станица. Во моментот на вистината тој избега низ станицата и исчезна“.
Реал Мадрид смета дека Килијан ја изневерил оваа институција и дека тоа е искористено од семејството на играчот, кое собира 96.000.000 евра нето годишно плус бонус за потпис од уште 100.000.000 евра.
„Не можеш на таков начин да си играш со Реал. Излажете го еднаш и готово е со вас“.
Исто така, „Ел Дебате“ пишува дека Килијан кукавички го отпишал Реал Мадрид со тоа што само му пратил СМС-порака на Флорентино Перез бидејќи знаел дека тој е негативецот во целата приказна и не смеел да се јави на телефон.
Мбапе во мај потпиша тригодишен договор со ПСЖ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) „Се вика Диого, подобар е од Фиго“

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Рано утрово, фудбалската јавност ја потресе трагичната вест за смртта на португалскиот напаѓач, Диого Жота. Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
Тешко е да се добие песната на познатиот „Коп“ на стадионот на Ливерпул. Жота успеа да го добие тоа.
„Се вика Диого, подобар е од Фиго“, се само дел од зборовите со кои беше пречекан секој пат кога ќе направеше нешто големо за „црвените“. Имаше многу такви моменти во петте години додека го носеше дресот на Ливерпул.
Голови во финалето на купот, ладнокрвно изведени пенали во пенал сериите, неверојатни пробиви… Жота ќе биде запаметен во историјата на Ливерпул по сето ова. Секако, тој беше важен дел и од двете титули на Ливерпул во Премиер лигата, особено во првата во 2021 година.
Не само што остави длабок белег на „Енфилд“, туку тоа го направи и во Вулверхемптон.
На своето деби во Премиер лигата, тој постигна хет-трик против Лестер и со тоа најави каков играч ќе стане. Тој исто така му помогна на тимот од стадионот „Молино“ да стигне до Премиер лигата постигнувајќи 17 гола како позајмен играч од Атлетико Мадрид.
Одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола.
Ќе биде запаметен. Тоа е сигурно. Песната посветена на него живее и ќе живее на „Енфилд“.
„Тој ќе нè води до победа, а кога трча по левата страна, ќе влета во средината и ќе постигне гол за Ливерпул“…
Спорт
Марка: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.
Трагедијата се случи во Шпанија, во близина на границата со Португалија во областа Замора.
Жота бил во автомобил со својот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, кога излетал од автопатот А-52 на 65-от километар во близина на општината Паласиос де Санабрија.
Двајцата загинале.
⚫ Muere el futbolista del Liverpool Diogo Jota en un accidente de tráfico en la provincia de Zamora
😢 El siniestro se produjo en el kilómetro 65 de la A-52, a la altura del término municipal de Palacios de Sanabria. pic.twitter.com/Uz15fMHKoZ
— MARCA (@marca) July 3, 2025
Според сведоците, возилото било зафатено од пламен, кој потоа се проширил на блиската вегетација.
Одделот за итна медицинска помош (УИМ) и медицинскиот персонал за примарна здравствена заштита (МАП) од Здравствениот центар Момбуј можеле само да ја потврдат смртта на двајца млади луѓе на лице место.
Трагедијата е уште поголема бидејќи Диого се ожени на 22 јуни. Тој зад себе ги остави сопругата, со која се ожени пред само четири дена, и три деца.
• 22 de Junho de 2025 •
Sim, para sempre ♾️ pic.twitter.com/pZvQwKADgd— Diogo Jota (@DiogoJota18) June 28, 2025
Диого Жота кариерата ја започна во Пакош Ферерира во 2014 година. По две години се сели во Атлетико Мадрид, а потоа патото преку Порто и Вулверхемптон го однесе во Ливерпул.
За клубот од „Енфилд“ со кога сезонава стана англиски шампион, потпиша во 2020 година. Ливерпу за неговиот трансфер издвои 40 милиони фунти.
Спорт
Еспањол продаден за 200 милиони евра

Фото/ EPA-EFE/ANDREU DALMAU
Фудбалскиот клуб Еспањол од Барселона наскоро ќе има нови сопственици.
Според „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Велосити Спорт Партнерс (ВСП)“, основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.
Овој фонд е и мнозински сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Брајтон.
„Марка“ пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 се инвестиции со кои новите сопственици ќе преземат 99 отсто од акциите во клубот, а дека дополнителни 20 ќе бидат издвоени како стимулација поврзана со перформансите и целите за перформанси.
„Ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години“, пишува „Марка“.
Конечниот договор меѓу двете страни, старите и новите сопственици, е постигнат по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешната структура на клубот.
Се очекува договорот да биде финализиран следната недела, со што би започнала нова ера на Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици би бил зајакнување на тимот за следната сезона.