Црна хроника
Приведен малолетник од Битола, осомничен за сторени повеќе кривични дела
На 22.9.2022, во 22 часот, на булеварот Кузман Јосифовски-Питу во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Кисела Вода, лишиле од слобода малолетник од Битола поради сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела.
Тој се сомничи дека на 20.6.2022 извршил тешка кражба во пекарница на улицата Мајски цвет, при што одзел пари, на 17.9.2022 извршил кражба во книжарница на булеварот Кузман Јосифовски-Питу, при што одзел паричник, на 20.9.2022 одзел електричен тротинет на улицата Никола Малешевски и на 22.9.2022 извршил две кражби во продажен објект на улицата Варшавска, при што одзел два паричника, а од приватна медицинска установа одзел ранец со пари и лични документи.
Кај него бил пронајден тротинет, купен со пари што потекнуваат од кривичните дела, картички од кражба во приватна лабораторија, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Со него бил затекнат и малолетникот А. О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа бил вратен на старателот.
За случајот бил известен јавен обвинител, а малолетникот бил предаден на социјален работник од Центарот за социјални работи – Битола.
По целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

