Спорт
Марихуаната останува на листата на забранети супстанции
Марихуната останува на листата на забранети супстанции на Светската антидопинг агенција (ВАДА), која денеска ги отфрли барањата да се менува статусот на рекреативната дрога.
До ВАДА имаше официјално барање за разгледување на статусот на ТХЦ, психоактивната состојка на канабисот, по случајот на американската спринтерка Шакари Ричардсон, која лани ја пропушти Олимпијадата во Токио и отслужи едномесечна суспензија откако беше позитивна на марихуана на американскиот шампионат, каде што победи на 100 метри. Ричардсон се правдаше дека пушела марихуана по смртта на нејзината мајка.
„ВАДА е свесна дека барањата за отстранување на ТХЦ од листата на забранети сусптанции не е поддржана од експертите, а во исто време, законите во повеќето земји, како и глобалните закони, покажуваат дека канабисот мора да остане на оваа листа“, се вели во одлуката на ВАДА на состанокот во Сиднеј, Австралија.
Во друга одлука, ВАДА реши да го постави опијатот трамадол на листата на забранети супстанции од јануари 2024 година. Трамадолот е забранет во велосипедизмот од 2019 година, а оваа година на Тур де Франс, колумбискиот велосипедист Наиро Квинтана го загуби шестото место поради позитивен тест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клучна битка на ПСЖ и Сити за место во плејофот
Вториот ден од претпоследното коло во реформираната ЛШ носи неколку потенцијално атрактивни дуели, но фокусот на јавноста ќе биде ставен на пресметката помеѓу Пари Сен Жермен и Манчестер Сити во Париз.
Поради големината на двата клуба, нивните буџети, амбициите… и пред се лошите резултати сезонава во ЛШ, постои реална шанса некој од овие тимови да не избори пласман во втората фаза.
ПСЖ по шест рунди се надвор од плејоф зоната. Тимот на Луис Енрике е 26. на табелата. За ПСЖ победата е императив, евентуален пораз сигурно ќе ги елиминира од ЛШ.
Подобро рангирани се „граѓаните“, на табелата се на 24.место, но Пеп Гвардиола и неговиот тим не се сигурни за место во втората фаза.
ЛШ, 7.коло:
Лајпциг – Спортинг 18.45
Шахтјор – Брест 18.45
ПСЖ – Манчестер Сити 21.00
Милан – Џирона 21.00 часот
Реал Мадрид – Салцбург 21.00
Арсенал – Динамо 21.00
Селтик – Јанг Бојс 21.00
Спарта – Интер 21.00
Феенорд – Баерн 21.00
Спорт
Нури Шахин повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд
Челниците на Борусија Дортмунд му врачија отказ на тренерот Нури Шахин по поразот од Болоња со 2:1 во Лигата на шампионите. Болоња во претпоследното коло ја забележа првата победа во елитното натпреварување, додека Борусија ја продолжи лошата серија. „Милионерите“ немаат победа во 2025 година, во серија се од четири несупеси.
„Сакавме Нури да биде долгорочно решение. Сепак, по четири последователни порази во сите натпреварувања, бевме принудени на овој чекор. Ќе мораме да бараме некој друг кој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели“, изјави спортскиот директор Ларс Рикен.
Се уште не се знае кој ќе ја предводи Борусија Дортмунд на натпреварот против Вердер Бремен овој викенд во Бундеслигата.
Борусија има биланс од четири победи и три порази во Лигата на шампионите и речиси сигурно ќе игра во плејофот за пласман во осминафиналето.
Поголем проблем може да биде Бундеслигата каде Борусија е на десеттото место со седум победи, четири нерешени и четири порази. Заостануваат 20 бода зад лидерот Баерн.
Спорт
„Ако постигнував гол од секоја шанса ќе бев во Реал Мадрид, не во Црвена звезда“
Фудбалерите на Црвена звезда, во седмиот меч го забележаа шесттиот пораз во Лигата на шампионите. Српскиот првак синоќа загуби од ПСВ со 2:3.
Црвена звезда се само уништи прптив тимот од Ајндховен. Во првиот дел гостите изведоа три корнери и постигнаа три гола. Во вториот дел црвено-белите го поправија впечатокот, но не успеаја да го избегнат поразот.
Прашање е во кој правец ќе одеше натпреварот доколку Шериф Ндиај во 14.минута, при резултат 0:0 постигнеше гол. Голманот Бенитез го одбрани неговиот удар, во ситуација кога напаѓачот имаше слободен соирач на втората статива.
„Знаете, секој пат кога ќе пропуштам шанса, сите зборуваат за тоа. Но, тоа не е нешто што го правам намерно. Ако можам да постигнам гол, тоа и го правам. Да постигнувам гол од секоја шанса, не би бил тука, би бил во Реал Мадрид“, изјави играчот на црвено-белите.