Спорт
Пред последниот меч на Федерер, протестант се запали на терените на Лејвер купот!
Стартот на егзибицискиот тениски турнир Лејвер куп во Лондон, каде што вечерва Роџер Федерер ќе го одигра својот последен меч, беше одбележан со вознемирувачки сцени, откако еден навивач во знак на протест се запали на теренот.
Инцидентот се случи во текот на мечот на Стефанос Циципас против Диего Шварцман во „О2 арената“ во Лондон, каде што протестантот се симна мирно на теренот, по што со запалка ја запали раката во знак на протест на приватните авиони во Велика Британија и нивното влијание на климатските промени. За среќа, тој успеа да го сопре огнот, пред да биде отстранет од терените.
Циципас потоа победи со 6:2/6:1.
Today a climate change protester appeared to accidentally set himself on fire at the Laver Cup tennis tournament at the O2 Arena in London. pic.twitter.com/C0qZRw1QrP
— Andy Ngô ????️???? (@MrAndyNgo) September 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус го отпушти Игор Тудор
Италијанскиот гигант Јувентус одлучи да му се заблагодари на Игор Тудор за соработката по серијата лоши резултати што кулминираа со пораз од Лацио во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Веста за неговата замена ја потврди „Скај Спорт Италија“, со кратко и јасно соопштение на платформата „X“:
„ Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус“.
Поразот против Лацио беше трет по ред во домашното првенство, а Јувентус е без победа осум натпревари по ред, на последните четири тимот не постигна ниту еден гол.
Последниот триумф на тимот од Торино беше на 13 септември против Интер. Оттогаш, тие освоија само пет од можни 24 бода во Серија А и Лигата на шампионите, далеку под традиционалните стандарди на клубот.
Тудор го предводеше Јувентус од 23 март оваа година. Забележа десет победи, осум нерешени и шест порази.
Спорт
Прогноза на Суперкомпјутерот: Реал ќе ја освои титулата во Шпанија
Ден по победата на Реал над Барселона (2:1), во „Ел Класико“, Суперкомпјутерот пресмета дека „кралскиот клуб“ ќе ја освои титулата во Шпанија оваа сезона.
Пред натпреварот со Барселона, шансите беа еднакви, пишуваат денес шпанските медиуми, но по триумфот, рапидно пораснаа шансите на Реал.
„АС“ пишува дека според Суперкомпјутерот, Реал Мадрид на крајот ќе ја освои титулата со 87 поени, седум повеќе од Барселона. На третото место ќе биде Атлетико Мадрид.
Според оваа проекција од лигата ќе испаднат Овиедо, Леванте и Џирона, клубот што играше во Лигата на шампионите минатата сезона.
Спорт
Арсен Венгер: Ел класико – натпревар на мажи против момчиња
Легендарниот тренер тренер Арсен Венгер ја опиша победата на Реал Мадрид од 2:1 над Барселона во „Ел Класико“ како натпревар на „мажи против момчиња“, а воедно ја пофали работата на тренерот Чаби Алонсо.
„Кралскиот клуб“ доминираше на „Сантијаго Бернабеу“ и со победата им избега на своите најголеми ривали на пет бода на врвот на Ла Лиг.
Венгер беше директен во својата анализа, истакнувајќи ја тактичката и физичката супериорност на Реал.
„Ел Класико беше малку како дуел помеѓу мажи и момчиња. Одбраната на Реал Мадрид беше многу посилна од онаа на Барселона“, рече Венгер.
„Во нападот, Мадрид секогаш изгледаше способен да постигне гол, додека Барселона изгледаше неефикасна. Имаа многу посед, но никогаш не изгледаа способни да постигнат гол. Честитки за Чаби Алонсо“, додаде тој.
Foto/ EPA

