Спорт
Ал-Хелаифи и ЕЦА ја предупредија Барселона, Ла лига ги брани Каталонците
На состанокот на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) во Истанбул, претседателот на организацијата (и на Пари Сен-Жермен) во својот говор ги пофали промените во финансискиот ферплеј на УЕФА, но во исто време прати и предупредување до Барселона по финансиските проблеми и продавањето на делот на комерцијалните и ТВ-правата.
„Новите правила за финансиска издржливост се позитивен чекор напред. Правилата ги контролираат трошоците и приходите, охрабруваат инвестиции и ја осигуруваат одржливоста на фудбалот во иднината. Морате да бидете внимателни за нивото на долгови, бидејќи влевањето на магичен капитал не е трајно решение. Мораме да мислиме на долги патеки“, изјави Ал-Хелаифи, јасно посочувајќи кон Барселона.
Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас, одговори преку социјалните мрежи.
„Не постои магија. Барселона продаде дел од своите имоти за да ги покрие трошоците, додека во ПСЖ вие само го пуштате гасот. За одржлив фудбал, прво мора да го платите тоа што го должите“, напиша Тебас.
No hay magia el @FCBarcelona_es ha vendido parte de su patrimonio para cubrir sus pérdidas,en el @psg_inside en cambio “abres el gas”. Para un futbol sostenible lo primero es pagar lo que se debe VERDAD?
El ‘recado’ de Al Khelaïfi para el Barça https://t.co/svI5AK7qpy vía @sport— Javier Tebas Medrano (@Tebasjavier) September 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

