Спорт
Најдобрите во историјата на тенисот договараат тактика
Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се сметаат за најдобрите тенисери во историјата. Федерер синоќа се пензионираше на Лејвер купот. Тој играше дубл со Надал против Американците Џек Сок и Френсис Тијафо. Камерите снимија како Федерер, Надал и Ѓоковиќ ја договараат тактиката.
„Не смееме да се плашиме да ја погодиме топката“, рече Федерер, а потоа се вмеша Ѓоковиќ: „Знам што сакаш да кажеш, но можеби би бил добар дополнителен удар кога Тијафо е во втор план“.
Потоа Надал додаде: „Велиш дека треба да испукам топката кон Џек? А, не кон него, туку кон Френсис кога тој е позади“.
„Натерајте го да игра“, нагласи Ѓоковиќ, а потоа Надал рече: „Да, згрешив на првиот поен. Можевме да ја испратиме топката кон Френсис, а потоа да излеземе на мрежа“.
Ѓоковиќ потоа повтори: „Натерајте го да одигра уште еден поен“. Федерер и Надал на крајот загубија со 2:1 во сетови (4:6, 7:6, 11:9).
Coach Novak chips in with some important insight ????️#LaverCup | @DjokerNole pic.twitter.com/2Ms6pA6Xbl
— Eurosport (@eurosport) September 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рома за 17 минути ја декласира Џенова
Со натпреварот Рома-Џенова заврши фудбалската 2025 година во Серија А. Рома рутински ја победи Џенова со 3:1. Гостите од клупата ги предводи легендата на „волчицата“ даниеле Де Роси.
Со оваа поведа, Рома се врати на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите, додека Џенова, со третиот пораз по ред, остана веднаш над зоната за испаѓање.
Победникот практично беше познат веќе во првото полувреме, по само половина час игра, кога Рома ги постигна головите. Во интервал од 14-та до 31-та минута голманот на Џеонова го совладаа: Суле, Коне и Фергусон.
Почесниот гол за Џенова го постигна Ехатор во 87-та минута.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Паника во Денвер, се повреди Никола Јокиќ
Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147:123, мина во сенка на повредата, на најдобриот играч во лигата, Никола Јокиќ. .
Србинот го напушти натпреварот поради проблем со коленото на полувремето и не се врати на теренот до крајот на натпреварот.Повредата се случи несреќно, по судир со соиграчот Спенсер Џонс.
До тој момент Јокиќ блескаше на теренот со 21 поен, пет скока и осум асистенции.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
NOOOOOOO 💔
I am depressed.
My goat can’t even walk right to the locker room. Please be ok please be ok. Please be ok. pic.twitter.com/MyvBfpf2qd— Tatiana (@Tatianaclinares) December 30, 2025
Без него, но и без уште тројца играчи од стартната петорка, кои од претходно се повредени, Денвер немаше шанси против Мајами.
И покрај тоа што не играше во вториот дел Јокиќ беше најефикасен во својот тим, го следеа Џамал Мареј со 20 поени, шест скока и 11 асистенции, Хардавеј и Џонс со по 16, Браун со 15 и Вотсон со 11 поени.
Никола Јовиќ го предводеше Мајами со 22 поени, четири скока и пет асистенци, Норман Пауел уфрли 25, а Хаиме Хакез 20 поени и 11 асистенции.
Спорт
Барселона се распрашува за Влаховиќ
Фудбалскиот клуб Барселона е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус и српската репрезентацја Душан Влаховиќ, објави шпанската „Марка“.
Според шпанскиот весник, Барселона наводно веќе го направила првиот чекор и го контактирала Влаховиќ, кој има договор со Јувентус до 30 јуни 2026 година.
„Ова е првиот контакт, бидејќи каталонскиот клуб сака да ја искористи ситуацијата што се појави на пазарот. Отворената војна минатото лето помеѓу Влаховиќ и Јувентус заврши без продолжување на договорот, но играчот се врати на теренот, бидејќи знаеше дека влегува во последната година од договорот. Целта е играчот да пристигне на крајот од сезоната без обештетување или да пристигне во зимскиот преоден рок под многу поволни услови“, објави „Марка“.
Исто така, се наведува дека Барселона веќе некое време бара замена за Роберт Левандовски, кој сè уште не го продолжил договорот со каталонскиот клуб. Полскиот напаѓач би можел да ја напушти Барселона на крајот од сезоната.
Влаховиќ се опоравува од повреда и би можел да се врати на теренот во март следната година. Српскиот фудбалер одигра 17 натпревари за Јувентус оваа сезона и постигна шест гола.
Пред Јувентус, тој играше за Фиорентина и Партизан.
Foto/ depositphotos

