Регион
Кери ќе биде првиот западен политичар кој ќе ја посети Турција по пучот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/keri20raka20znaminja.jpg)
Американскиот државен секретар Џон Кери ќе биде првиот западен политичар кој ќе допатува во Турција по неуспешниот обид за воен преврат ноќта на 15-ти кон 16-ти јули, објави во петокот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Американскиот државен секретар Џон Кери на разговори во Турција ќе допатува на 24-ти август, изјава за турската телевизија TGRT, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Турската влада неколкупати реагираше на тоа што ниеден западен политичар или шеф на дипломатијата не израз поддршка за турскиот народ по обидот за пуч во кој за неколку часа загинаа 264 цивили а околу две илјади беа ранети.
Турските медиуми остро ги критикуваат западните сојузници на Турција, а некои од нив и директно за обидот за воен преврат ги обвинуваат САД и нејзината Централна разузнавачка агенција (CIA).
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно седмицава ги обвини западните земји дека го поддржуваат тероризмот и ги заштитуваат пучистите. Ги прозва земјите како Франција, Германија, Австрија и Белгија за тоа што не ја поддржаа Турција по пучот и ги обвини „оние кои не можат да го поднесат подемот на Турција“ за заговорот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Инцидент на српскиот претседател Вучиќ: се откачи тркало на автомобилот со кој патуваше, се проверува дали пукнала гумата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/trkalo-Alkesandar-Vucic.jpg)
Патувајќи кон Мокрин, на север од Србија, на претседателот Александар Вучиќ му се случи инцидент, јавуваат српските медиуми. Се откачило едно од тркалата на автомобилот со кој патувал. Тој бил пренесен во друг автомобил, а посебна истрага која е во тек, треба да покаже што се случило.
„По посетата на Меленци отидов во Мокрин пред големиот собир во Кикинда и на пат бев со мојот автомобил, а ќе ви дадам неколку објаснувања. Значи, дали пукна гумата, тоа треба да утврдат надлежните и тие ќе го утврдат тоа. Пристигнав во Мокрин и се префрлив во друг автомобил“, рече претседателот Вичиќ по инцидентот со тркалото.
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/santorini.jpg)
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.